Book of Common Prayer
Суштината на Радосната вест
15 Драги пријатели христијани! Сакам да ве потсетам на Радосната вест што ви ја проповедав, која вие ја прифативте и која ви стана основа на верата. 2 Таа Радосна вест што јас ви ја проповедав ќе ви донесе спасение, доколку цврсто се држите до неа, освен ако немате празна или лажна вера.
3 Јас најпрвин ви ја пренесов најважната порака, онака како што и мене ми беше пренесена: Христос умре за нашите гревови, согласно со предвестувањето запишано во Светото Писмо; 4 беше погребан и воскресна на третиот ден, согласно со предвестувањето запишано во Светото Писмо. 5 Воскреснатиот Христос му се јави на Петар[a] и на дванаесетте апостоли, 6 а подоцна и на повеќе од петстотини Негови следбеници[b] заедно, од кои повеќето се уште се живи, иако некои веќе починаа. 7 Потоа му се јави на Јаков, а на крајот повторно на сите апостоли. 8 Најпосле, по извесно време, ми се јави и мене, како на духовно недоносче. 9 Јас се сметам за најмал меѓу апостолите. Не заслужувам дури ни да се наречам апостол, бидејќи јас ја прогонував Божјата Црква.
10 Но, Бог ми беше милостиво благонаклонет, па станав тоа што сум и ја оправдав Неговата благонаклоност спрема мене. Работев најмногу од сите апостоли, иако за тоа не сум заслужен јас, туку Божјата благонаклоност спрема мене. 11 Сепак, не е важно дали проповедам јас или некој од другите апостоли. Важно е тоа што го проповедаме, и тоа што вие поверувавте.
Исус и Јован Крстител
(Лк. 7:18-35) 11 Кога Исус им ги предаде овие упатства на Своите дванаесет ученици, си замина оттаму и отиде да поучува и проповеда по нивните градови.
2 Кога Јован Крстител, кој беше во затвор, слушна за она што го прави Месијата, тој испрати двајца од своите ученици 3 да Го прашаат: „Ти ли си Месијата што требаше да дојде, или некој друг да чекаме?“ 4 Исус им одговори: „Вратете се кај Јован и кажете му го тоа што го слушате и гледате: 5 слепи прогледуваат, сакати проодуваат, лепрозни се исцелуваат[a], глуви почнуваат да слушаат, умрени оживуваат и на бедните им се проповеда Радосната вест[b]. 6 Блазе си им на оние кои не се колебаат во однос на Мене!“
Copyright 1999 by HBC Radosna Vest