Book of Common Prayer
Ред на богослужбите
26 Значи, што барам јас од вас, драги пријатели христијани? На вашите собранија, некој ќе сака да каже псалм, некој поука, некој нешто што Му е откриено од Бог, некој ќе зборува на непознат јазик, друг ќе го преведува. Сите тие нешта треба да бидат за ваша духовна изградба. 27 Ако некои посакаат да зборуваат на непознат јазик, нека зборуваат двајца или најмногу тројца и тоа еден по еден, а некој нека ги преведува. 28 Ако нема кој да ги преведува, нека не зборуваат јавно во црквата, туку приватно, пред Бог.
29 И кога се пророкува, нека зборуваат двајца или тројца, а другите нека размислуваат за кажаното. 30 Ако некој од учесниците добие откровение од Бог, оној што зборува тогаш треба да заврши, па да почне другиот да зборува. 31 Така сите што пророкуваат ќе можат да зборуваат, но само еден по еден, за сите да можат да научат нешто и да се охрабрат. 32 Зашто и луѓето што пророкуваат треба да се воздржуваат и да си го чекаат својот ред! 33 Бог не сака безредие, туку сака се да се одвива во ред и мир, како што е во сите христијански цркви[a].
37 Ако некој се смета за пророк или за духовен човек, ќе сфати дека овие работи што ви ги напишав се заповеди од Господ. 38 Ако некој го отфрла ова, Господ ќе го отфрли него[a]!
39 Така, драги мои, бидете желни да пророкувате. Не забранувајте го зборувањето на непознати јазици, 40 но се мора да се прави пристојно и уредно!
Цената на верата во Христос
(Лк. 12:51-53; 14:26-27 ) 34 „Немојте да мислите дека дојдов да воспоставам мир на Земјата! Не дојдов да донесам мир, туку меч! 35 Зашто, Јас дојдов да противставам син против татко, ќерка против мајка и снаа против свекрва; 36 на човекот ќе му произлезат непријатели од сопственото семејство!“
37 „Кој има поголема љубов спрема татка си или мајка си одошто спрема Мене, не е достоен да ми биде ученик;кој има поголема љубов спрема сина си или ќерка си одошто спрема Мене - не е достоен да ми биде ученик; 38 39 Секој што настојува грчовито да си го чува животот за себеси - ќе го загуби; а оној што ќе го жртвува заради Мене - пак ќе си го најде!“
Награди и за мали добрини
(Мк. 9:41) 40 „Кој ве угостува вас, Мене Ме угостува, а тој што Ме угостува Мене, Го угостува небесниот Татко што Ме има испратено. 41 Секој што угостува божји пратеник[a] затоа што е божји пратеник, ќе добие иста награда како и божјиот пратеник. И секој што угостува праведник затоа што е праведник, ќе добие иста награда како праведникот. 42 Секој што ќе му даде макар само една чаша студена вода на еден од Моите најмали следбеници, затоа што е Мој следбеник, ве уверувам дека таквиот нема да остане без награда.“
Copyright 1999 by HBC Radosna Vest