Book of Common Prayer
13 Оној што има дарба да зборува на туѓ јазик треба да се моли и за способност да им го преведе на слушателите. 14 Зашто, ако се молам на јазик што не го разбирам, мојот дух се моли, но мојот разум нема никаква полза од тоа.
15 Значи, што треба да правам? Да се молам со мојот дух, но да биде вклучен и мојот разум! Да пеам со мојот дух, но да биде вклучен и мојот разум. 16 Во спротивно, ако се молите само во својот дух, како може оној што не ве разбира да каже „Амин[a]“ на вашите искажани благодарности, кога не разбира што сте рекле? 17 Вие можеби сте Му се заблагодариле на Бог на прекрасен начин, но во тоа нема поука за другите.
18 Благодарен сум Му на Бог што јас зборувам повеќе јазици од сите вас, 19 сепак во црквата претпочитам да кажам пет збора што сите ќе ги разберат и од нив ќе се поучат, отколку десет илјади зборови на јазик што никој не го разбира.
20 Драги пријатели христијани, немојте да се однесувате како да сте со детски ум! Во однос на злото, треба да бидете наивни како деца, но во расудувањето бидете со зрели умови. 21 Во Светото Писмо[b] е напишано:
„Ќе му се обратам на овој народ на разни јазици,
преку луѓе кои ќе им говорат на разни јазици,
но ни тогаш нема да Ме послушаат“ - вели Господ.
22 Духовниот дар да се зборува на туѓи јазици можеби им значи нешто на оние кои се уште не поверувале, но не и на оние што веруваат. Пророкувањето, од друга страна, е првенствено наменето за оние што веруваат, а не за оние што не веруваат. 23 Замислете да се собере целата црква и сите да почнат да зборуваат на непознати јазици; ако влезе некој неупатен или неверен, зар нема да помисли дека сте полуделе!? 24 Но ако во црквата се пророкува, па влезе некој неупатен или неверник, ќе слушне, ќе сфати дека е грешен и дека начинот на кој живее е за осуда. 25 Додека слуша, ќе му бидат разоткриени тајните на неговото срце, па ќе клекне на колена и ќе Му се помоли на Бог, признавајќи дека Бог навистина е овде, меѓу вас.
24 Ученикот не е поголем од учителот, слугата не е поголем од господарот. 25 Ученикот ја споделува судбината на својот учител, а слугата на својот господар. Ако Мене, Стопанот на Божјата куќа Ме нарекоа „најголем ѓавол[a]“, тогаш, колку повеќе ќе ви го прават тоа вам, кои сте Мое семејство!?“
Од кого да (не) се плашиме
(Лк. 12:2-7; Евр. 10:31) 26 „Меѓутоа, не плашете се од луѓето. Се што е сега скриено, ќе излезе на виделина и секоја тајна ќе биде јавно објавена. 27 Тоа што ви го кажувам сега во темнина, разгласете го преку денот и она што ви е кажано со шепот, разгласувајте го гласно, од покривите на куќите!
28 Не плашете се од оние што можат да го убијат само телото, а не можат да ја убијат душата; плашете се единствено од Бог, Кој има моќ да ги уништи и душата и телото во пеколот[b]. 29 Зар не се продаваат две врапчиња за една паричка? Па сепак, ниедно од нив не паѓа наземи, ако тоа не го дозволи вашиот небесен Татко. 30 А вам и влакната на главата ви се броени! 31 Затоа, не плашете се; вие сте многу поскапоцени од јата врапчиња!“
Неопходно е јавно исповедање на верата во Христос
(Лк. 12:8-9) 32 „Секој што ќе Ме признае Мене јавно пред луѓето, ќе го признаам и Јас јавно, пред Мојот небесен Татко. 33 А секој што ќе се откаже од Мене пред луѓето, ќе се откажам и Јас од него, пред Мојот небесен Татко.“
Copyright 1999 by HBC Radosna Vest