Book of Common Prayer
Дарбата за зборување туѓи јазици
и дарбата за пророкување
14 Љубовта нека ви биде највозвишената цел! Бидете желни и за духовни дарби, а посебно за дарба да пророкувате[a]. 2 Зашто, кога некој зборува на непознати јазици, Бог ќе го разбере, но не и луѓето. Тоа што го зборува воден од Светиот Дух, ќе остане тајна за луѓето. 3 А оној што пророкува, им зборува на луѓето за да ги поучи, да ги опомене и да ги утеши. 4 Оној што зборува на непознати јазици, самиот себе се надградува, а оној што пророкува ги надградува сите што се во црквата.
5 Би сакал сите вие да имате дарба да зборувате на непознати јазици, но повеќе би сакал да умеете да пророкувате. Оној што пророкува извршува поважна служба од оној што зборува на јазици, освен ако има и превод, па луѓето во црквата да можат да се поучат.
6 Драги мои, ако дојдам кај вас и ви зборувам на непознати јазици, каква полза ќе имате, ако не ви откријам што значи тоа? Каква полза ќе имате ако не ви кажам нешто што не го знаете, ако не ви пророкувам и не ве поучам? 7 Дури и музичките инструменти, како, на пример, флејта или харфа, иако не се живи суштества, треба да испуштаат јасни тонови, инаку како ќе ја распознаваме мелодијата? 8 Ако трубата не дава препознатлив звук, како ќе знаат војниците дека треба да се подготват за борба? 9 Така и вие, ако не ја пренесете пораката со разбирливи зборови, како ќе се знае што сте рекле? Зборувањето ќе ви биде во ветер!
10 На светот постојат многу јазици и сите си имаат смисла за оние што ги разбираат. 11 Но ако јас не го знам јазикот, ниту јас ќе можам да го разберам човекот што ми зборува на тој јазик, ниту тој ќе може да ме разбере мене. 12 Затоа, кога сте веќе толку желни за духовни дарби, барајте такви дарби што ќе бидат најполезни за Црквата.
Бидете подготвени за прогонства
(Мк. 13:9-13; Лк. 21:12-17) 16 „Еве, Јас ве испраќам вас како овци меѓу волци. Затоа, бидете мудри како змии, а во исто време и кротки како гулаби. 17 Пазете се, зашто ќе има луѓе кои ќе ве предаваат на судови и ќе ве камшикуваат по синагогите[a]. 18 Поради вашата вера во Мене, ќе бидете приведувани на сослушување пред управители и владетели; тоа ќе биде сведоштво за нив и за светот. 19 А кога ќе ве приведат на сослушување, не грижете се како и што ќе зборувате во своја одбрана; ќе ви бидат дадени вистинските зборови во вистинскиот час. 20 Зашто, преку вас ќе зборува Духот на вашиот небесен Татко, а не самите вие.
21 Понекогаш и брат брата ќе предава на смрт, и татко - своето чедо; деца ќе се креваат против родители и ќе ги предаваат на смрт. 22 Поради вашата вера во Моето име сите ќе ве замразат. Но, спасението е за оние што ќе издржат докрај! 23 А штом почнат да ве прогонуваат од еден град, вие одете во друг. Ве уверувам дека нема да втасате да ја завршите работата по сите градови во Израел, додека да се вратам Јас, Синот Човечки.
Copyright 1999 by HBC Radosna Vest