Book of Common Prayer
ОДГОВОРИ НА НЕКОЛКУ ПРАШАЊА
1) За бракот и брачните односи
7 А сега да ви одговорам на прашањата што ми ги поставивте во вашето писмо. Прво: Да, добро е човек да не се жени[a]. 2 Но, поради опасност од блудства, секој маж треба да има своја жена и секоја жена свој маж.
3 Мажот нека ги исполнува брачните должности спрема својата сопруга, а исто така и жената спрема својот сопруг. 4 Телото на жената не е само нејзино, туку му припаѓа и на нејзиниот сопруг. Исто така и телото на мажот не е само негово, туку и на неговата сопруга. 5 Затоа, не лишувајте се еден од друг, освен, по исклучок, ако така заедно се договорите, и тоа нека биде само за извесно време и со цел да се посветите на молитва. Потоа вратете се на нормалниот интимен живот, за да не ве наведе на искушение Сатаната, користејќи ја вашата невоздржливост.
6 Ова ви го кажувам како нешто што е дозволено, а не како заповед. 7 Би сакал секој човек да биде самостоен, како што сум јас. Но не сме сите исти. Бог некого дарувал да живее во брак, а друг да живее како самец.
8 На неженетите и на оние чиј брачен другар починал, им препорачувам: да останат самостојни, како што сум и јас. 9 Но, ако не можат да издржат, нека стапат во брак, зашто подобро е да се во брак, отколку страста постојано да гори во нив.
7 Кога се молите, не редете празни зборови, како што тоа го прават оние што не Го познаваат Бога, мислејќи дека ќе бидат услишани поради својата речовитост. 8 Не бидете како нив, зашто вашиот небесен Татко ги знае вашите потреби уште пред да Го молите за нив. 9 Затоа, молете се вака:
,Татко наш, Кој си на небесата: нека се почитува Твоето Име!
10 Нека дојде Твоето царство, нека се извршува Твојата волја овде на Земјата, како што се извршува на небото.
11 Дај ни ја неопходната храна за денешниот ден.
12 Прости ни ги нашите гревови, како што и ние веќе им простивме на оние што нам ни згрешија.
13 Не оставај да им потклекнеме на искушенијата, но избави не од Лукавиот‘. (Зашто Тебе Ти припаѓаат и Царството, и силата, и славата, за вечни векови, амин[a].) 14 Зашто, доколку вие им ги простувате гревовите на другите, ќе ви ги прости и вам вашиот небесен Татко. 15 Но, ако вие не им простувате на луѓето, ни вашиот небесен Татко нема вам да ви ги прости вашите гревови.“
Copyright 1999 by HBC Radosna Vest