Print Page Options
Previous Prev Day Next DayNext

Book of Common Prayer

Daily Old and New Testament readings based on the Book of Common Prayer.
Duration: 861 days
Macedonian New Testament (MNT)
Version
Error: Book name not found: Ps for the version: Macedonian New Testament
Error: Book name not found: 2Kgs for the version: Macedonian New Testament
1 Коринќаните 5:1-8

За неморалот на некои „христијани“

Јавено ми е дека кај вас има некој човек што живее во блуд, и тоа таков блуд каков што нема ни меѓу паганите: блудство со својата маќеа[a]! А вие, наместо да жалите - се гордеете! Треба да го отстраните од вашата средина тој што прави такво нешто!

Иако јас сум физички отсутен, со духот[b] сум меѓу вас. Јас веќе пресудив за тој што направил такво нешто, исто како да сум присутен. Треба да се соберете во името на нашиот Господ Исус Христос, а со вас ќе биде и мојот дух, па со силата на нашиот Господ Исус Христос, да го исклучите тој човек од црквата, препуштајќи го во рацете на Сатаната! Така тој телесно ќе биде казнет[c], за да биде спасен неговиот дух на Денот кога Господ ќе се врати.

Не е добро што се фалите колку сте духовни, а дозволувате во вашата средина да се случуваат вакви работи! Зар не знаете дека е доволно само малку квасец, за да го скисне целото тесто[d]? Така е и со гревот. Исчистете се од стариот квасец, односно, од гревот! Тогаш ќе бидете ново тесто, замесено без квасец. Вие сте токму тоа, бидејќи нашето пасхално Јагне, Христос, беше веќе жртвувано за нас. Немојте да го славите празникот Пасха со ,стариот квас‘, односно, така што ќе продолжите да бидете лоши и расипани, туку со ,бесквасен леб‘, односно, со искреност и духовна чистота. Бидете чисти и искрени, па прославете го со ,леб без квасец‘.

Матеј 5:27-37

За прељубата

27 „Познато ви е дека во Мојсеевиот Закон е заповедано:

,Не врши прељуба[a]!‘ 28 Јас, пак, ви велам дека секој што ќе погледне туѓа жена и во мислите ќе ја посака - во своето срце тој веќе извршил прељуба со неа! 29 Ако, на пример, твоето десно око те наведува на грев - извади го и фрли го; подобро е за тебе да загубиш еден орган, одошто целото тело да ти заврши во пеколот. 30 И ако, на пример, твојата десна рака те наведува на грев - отсечи ја и фрли ја; подобро е за тебе да загубиш еден орган, одошто целото тело да ти заврши во пеколот.“

За разводот

(Мт. 19:9; Мк. 10:11-12; Лк. 16:18) 31 „Во Мојсеевиот Закон беше заповедано и ова:

,Ако некој маж реши да се разведе од својата жена,

нека и даде потврда за развод[b]‘.

32 Јас, пак, ви велам: ,Секој што се разведува од својата жена - освен ако таа извршила прељуба - ја наведува на прељуба; и секој што стапува во брак со разведена жена - извршува прељуба.‘“

За заклетвата

(Иса. 66:1; Јак. 5:12; Пс. 48:2; Кол. 4:6) 33 „Познато ви е и тоа, дека во Мојсеевиот Закон на вашите предци им било заповедано вака: ,Не кршете ги своите заклетви; исполнувајте го тоа што сте го ветиле пред Господа!‘ 34 Јас, пак, ви велам: ,Не заколнувајте се воопшто: ни во небото, зашто тоа е Божји престол; 35 ни во Земјата, зашто таа е подножје на Неговите нозе; ни во Ерусалим, зашто тој град е на Великиот Цар; 36 ни во својата сопствена глава, зашто не можете да создадете ни едно црно или бело влакно; 37 кажете само ,Да‘ или ,Не‘; а секакво заколнување покрај ова е поттикнато од Злиот.‘“

Macedonian New Testament (MNT)

Copyright 1999 by HBC Radosna Vest