Book of Common Prayer
10 А во Дамаск имаше еден христијанин по име Ананија[a]. Нему Господ му се јави во видение и му рече: „Ананија!“, а тој му одговори: „Еве ме, Господе!“
11 Господ му рече: „Стани, оди на улицата наречена ,Права‘, во куќата на Јуда. Таму има еден човек од градот Тарс, по име Савле. Ќе го најдеш како се моли. 12 Преку видение му покажав еден човек, по име Ананија, како доаѓа да ги положи врз него рацете, за тој повторно да прогледа!“
13 Ананија одговори: „Господе, многу сум слушал за тој човек, колку многу зла им има направено на Твоите следбеници во Ерусалим! 14 Тој има овластување дадено од Првосвештеникот да го уапси секој што го повикува Твоето име!“
15 Но Господ му рече: „Оди храбро, зашто Јас сум го избрал Савле да им проповеда за Мене на нееврејските народи, на нивните цареви како и на Израелците. 16 А јас ќе му покажам колку ќе мора да пропати поради проповедање на Моето име.“
17 Ананија отиде и влезе во посочената куќа. Ги положи рацете врз Савле и рече: „Брате Савле, ме испрати Господ Исус, Оној што ти се јави на патот по кој доаѓаше, за повторно да прогледаш и да се исполниш со Светиот Дух.“ 18 Од очите на Савле веднаш падна нешто како лушпа и тој повторно прогледа. Потоа стана и беше крстен.
Савле проповеда во Дамаск
19 Откако се најаде, му се врати силата. Савле остана неколку дена со христијаните во Дамаск. 20 Веднаш почна во синагогите да проповеда дека Исус е Божјиот Син.
21 Сите што го слушаа беа вчудовидени и велеа: „Не ли е овој истиот човек што во Ерусалим ги убиваше следбениците на Исус? Зар не дојде и овде со истата цел: да ги уапси Исусовите следбеници и во пранги да ги одведе кај Првосвештениците?“
22 Но Савле толку уверливо докажуваше дека Исус е Месијата, што Евреите кои беа во Дамаск беа целосно збунети и не можеа да му се противстават.
23 По долго време, Евреите сковаа заговор да го убијат, 24 но на Савле му беше јавено дека Евреите стражарат покрај градските порти и дење и ноќе, за да го фатат и да го убијат. 25 Затоа христијаните во текот на ноќта го префрлија преку ѕидините, спуштајќи го во кош[b].
Савле проповеда во Ерусалим
26 Од Дамаск, Савле отпатува за Ерусалим, каде што се обиде да се поврзе со тамошните христијани, но тие се плашеа од него и не веруваа дека и тој навистина станал христијанин. 27 Тогаш Барнаба го доведе кај апостолите и им раскажа како Савле на патот се сретнал со Господ и зборувал со Него, па како во Дамаск смело проповедал за Исус. 28 Тогаш апостолите го прифатија. Савле остана извесно време со нив, движејќи се во Ерусалим и околината, смело проповедајќи за Господ. 29 Се расправаше и со некои елинизирани Евреи, но тие се обидуваа да го убијат. 30 Кога дознаа за ова, христијаните го одведоа во Цезареја, и оттаму го испратија за Тарс.
31 Тогаш низ цела Јудеја, Галилеја и Самарија, за Црквата настапи период на мир и растеж. Живеејќи со страхопочит спрема Господ и имајќи поткрепа од Светиот Дух, бројот на христијаните постојано се зголемуваше.
7 Многу луѓе доаѓаа да се крстат кај Јован, а тој им велеше[a]: „Змиски рожби! Кој ве предупреди, та бегате од гневот што доаѓа!? 8 Докажете[b] на дело дека навистина се каете! Не залажувајте се со тоа што сте потомци на Авраам, зашто, ви велам, Бог може и од овие камења да подигне Авраамови потомци! 9 Божјата секира е веќе замавната и в корен ќе го пресече и в оган ќе го фрли секое дрво што не раѓа добар плод!“
10 Тогаш луѓето го прашуваа: „Што треба да правиме?“ 11 А Јован им одговори: „Кој има две кошули, нека му даде една на оној што нема ниту една; и кој има храна, нека ја подели со другите.“
12 Дојдоа да се крстат и некои од собирачите на данок, прашувајќи: „Учителе, што треба ние да правиме?“ 13 А тој им одговори: „Не земајте повеќе од она што е определено!“
14 Имаше и војници, кои го прашаа: „А што треба ние да правиме?“ Тој им одговори: „Не вршете насилства, не пријавувајте лажно никого и бидете задоволни со својата плата!“
Јован Крстител Го најавува Месијата
15 Бидејќи народот беше во исчекување да се појави Божјиот Месија, се прашуваше да не е можеби Јован Месијата? 16 Затоа, Јован им се обрати на сите: „Јас ве крштавам во вода, а по мене иде поголем од мене, толку голем што јас не сум достоен ни сандалите да Му ги одврзам[c]. Тој ќе ве крсти огнено, во Светиот Дух. 17 Тој ја има лопатата в раце и ќе го исчисти Своето гумно: житото ќе го собере во житните складови, а плевелот ќе го гори во оган што не гасне.“
18 Вака, и на многу други начини, Јован им ја проповедаше Радосната вест на луѓето и ги поттикнуваше да се поправат.
Copyright 1999 by HBC Radosna Vest