Book of Common Prayer
11 Најсериозно ти велам: ние знаеме што зборуваме и сведочиме за она што сме го виделе, а вие нашето сведоштво не го примате. 12 Ако не Ми верувате кога ви зборувам за земни работи, како ќе Ми верувате ако ви зборувам за небесни работи!? 13 Никој не бил горе на небото, освен Синот Човечки[a], Кој слезе од небото. 14 Исто како што Мојсеј ја подигна бронзената змија во пустината[b], така ќе мора и Јас, Синот Човечки, да бидам подигнат. 15 Тогаш секој што ќе поверува во Мене, ќе се здобие со вечен живот.
16 Зашто Бог толку ги засака луѓето од овој свет, што Го даде Својот Единороден Син, за да не загине ниту еден што верува во Него, туку да има вечен живот. 17 Бог не Го испрати Својот Син во светот за да го осуди светот, туку да го спаси преку Него.
17 Па ако Бог допушти и да страдате, подобро е да страдате поради тоа што вршите добро, отколку да страдате поради зли дела.
18 Па и Христос пострада,
кога умре за нашите гревови, еднаш засекогаш.
Тој беше безгрешен, но умре за нас грешните,
за да не врати кај Бог.
Телесно беше убиен, но преку Светиот Дух оживеа[a].
19 Тој отиде да им проповеда на духовите што лежат в затвор, 20 на оние што долго време во минатото беа непокорни, а Бог трпеливо ги чекаше, на оние што изгинаа во времето на Ное. Тогаш беше направен ковчегот во кој само неколкумина, односно осум души, се спасија од смрт преку водата.
21 Таа симболика го претставува крштавањето со кое сега сте спасени. Крштавањето не е отстранување на нечистотијата од телото, туку завет пред Бог што се дава со чиста совест. Тоа е сега можно затоа што Исус Христос воскресна.
22 Сега Христос е на небото и седи на почесно место - од десната[b] страна на Бог. Сите ангели, власти и сили се под Негова контрола.
Copyright 1999 by HBC Radosna Vest