Book of Common Prayer
17 Драги пријатели христијани, одете по моите стапки. Гледајте на оние што го следат нашиот пример. 18 Многу пати досега сум ви го кажал ова, а и сега, со солзи во очите ќе ви го повторам: има многу луѓе кои според начинот на кој живеат му се непријатели на Христовиот крст[a]. 19 Тие ќе завршат во пеколот[b], бидејќи нивните телесни желби[c] им се бог. Се гордеат со она од што би требало да се срамат и размислуваат само за овоземни работи. 20 За разлика од нив, ние сме жители на небото и желно очекуваме нашиот Спасител, Господ Исус Христос, оттаму да дојде. 21 Тој ќе ги преобрази нашите слаби, смртни тела и ќе ги направи слични на Неговото славно тело, со истата моќ со која ќе ја преземе власта над се.
4 Затоа, мои мили и многу сакани пријатели христијани, по кои толку копнеам, радост моја, гордост моја, останете Му непоколебливо верни на Господ!
Совети и поттик
2 Еводија и Синтихија, ве молам обидете се да се усогласите во работата за Господ. 3 Те молам и тебе, мој верен соработнику[d], помогни им. Тие многу работеа со мене на ширењето на Радосната вест, заедно со Климент и со многу други мои соработници чии имиња се запишани во Божјата книга на живите.
4 Радувајте му се на вашето заедништво со Господ, постојано радувајте се!
5 Бидете внимателни спрема сите, луѓето по тоа да ве знаат. Господ брзо ќе дојде. 6 Немојте да се јадосувате за ништо, туку во сите ваши молитви барајте го од Бог она што ви е потребно и бидете благодарни за она што го добивате. 7 Ако правите така, тогаш Божјиот мир, кој е далеку над она што човек може да го разбере, ќе ги чува вашите срца и умови, поради вашата припадност на Исус Христос.
Крштавањето на Исус
(Мк.1:9-11; Лк.3:21-22) 13 Во тоа време, од Галилеја дојде Исус да се крсти кај Јован, во реката Јордан. 14 А Јован го одвраќаше, велејќи Му: „Ти треба да ме крстиш мене, а не јас Тебе!“ 15 Но Исус му рече: „Така треба да биде сега, зашто ние треба да исполнуваме се што е правилно.“ Тогаш Јован се согласи и Го крсти.
16 И тукушто се крсти Исус и излегуваше од водата, наеднаш небото се отвори и Јован го виде Божјиот Дух, во облик на гулаб, како слегува и се спушти над Исус. 17 Се чу и глас од небото, кој рече: „Ова е Мојот Син - Мојот Љубимец, со Кого наполно Сум задоволен!“
Copyright 1999 by HBC Radosna Vest