Book of Common Prayer
Грешна самоувереност
13 Слушнете ме сега вие, кои велите: „Денес или утре ќе одиме во тој и тој град и таму една година ќе работиме, ќе тргуваме и ќе заработиме.“ 14 Што знаете вие за утрешниот ден? Од каде знаете дали утре ќе бидете живи? Вашиот живот е како утринската магла: ќе се појави за кратко и набргу исчезнува. 15 Треба да велите: „Ако е Божја волја, ќе бидеме живи и ќе го правиме ова или она.“ 16 Наместо тоа, вие самоуверено се фалите со вашите планови. Лошо е така да се фалите. 17 Греши секој што не прави добро, иако знае дека треба да го прави.
5 Слушнете ме сега вие што сте богати! Плачете и лелекајте заради многубројните неволи што ве очекуваат! 2 Гнило е вашето богатство, вашите облеки молци ги изедоа. 3 Вашето сребро и злато ’рѓосаа. Таа ’рѓа ќе биде сведоштво против вас. Ќе ги изеде вашите тела како оган. Напластивте богатство во овие последни денови. 4 Не им плативте на оние што ги косеа вашите ливади и тие неисплатени пари сега викаат против вас, а лелекот на оние што ги жнееја вашите ниви дојде до ушите на Семоќниот Господ[a].
5 Живеевте раскошно и разуздано на Земјата, си ги угоивте телата како добиток готов за клање. 6 Осудивте и убивте праведни луѓе, кои не можеа да ви се противстават.
13) Распнувањето на Исус
(Мт. 27:31-44; Лк. 23:27-43; Јвн. 19:17-27) 22 Војниците Го одведоа Исуса на Голгота, што во превод значи ,Череп‘[a]. 23 Таму се обидоа да Му дадат да се напие вино помешано со една горчлива течност за ублажување на болките, но Тој не сакаше да го пие.
24 Го распнаа Исуса на крст, а Неговата облека со жрепка си ја разделија меѓу себе. 25 Беше околу девет[b] часот претпладне кога Го распнаа Исуса. 26 Поставија и натпис кој ја опишуваше Неговата вина. Натписот гласеше: „Цар на Евреите“. 27 Заедно со Исус распнаа и двајца злосторници: едниот од десната, а другиот од левата страна на Исус. 28 [c]
Минувачите Го навредуваат Исуса
29 Минувачите Го навредуваа Исуса, нишаа глави и говореа: „Ти што тврдеше дека ќе ни го урнеш храмот и за три дена повторно ќе го изградиш, 30 слези од крстот и спаси се!“
31 На сличен начин Му се подбиваа и свештеничките поглавари и вероучителите, велејќи: „Други спасуваше, а Самиот не може да се спаси! 32 Ако е Тој Месијата и царот на Израел - нека слезе сега од крстот! Да видиме, па ќе поверуваме!“ Го навредуваа дури и оние што беа распнати со Него.
Copyright 1999 by HBC Radosna Vest