Book of Common Prayer
7 Држи се настрана од непристојни и бабини прикаски! Вежбај се да бидеш вистински побожен. 8 Од телесните вежби има одредена полза, но побожноста е многу покорисна. Таа ветува награда и за сегашниот и за идниот живот.
9 Оваа порака е веродостојна и заслужува целосна доверба. 10 Напорно работиме и се бориме[a], бидејќи се надеваме на Живиот Бог, Кој е Спасител за сите луѓе, а особено за оние што веруваат.
11 На тоа треба да ги упатуваш и поучуваш луѓето. 12 Не дозволувај никој да те потценува поради тоа што си млад. Со тоа што ќе го зборуваш, со твоето поведение, со твојата љубов, вера и чистота, биди им пример на сите христијани. 13 Додека да дојдам кај вас, посвети се на читање на Светото Писмо во црквата, на проповедање и поучување.
14 Не запоставувај го духовниот дар што ти беше даден преку пророштво, со полагање раце од страна на советот на старешините[b]. 15 Извршувај ги овие должности, посвети им се целосно, нека се гледа дека напредуваш. 16 Внимавај како живееш и како поучуваш! Истрај во праведната работа, за да се спасиш и себеси, и оние што те слушаат.
Примерен однос спрема луѓето во црквата
47 Оној што е од Бога, ги слуша Божјите зборови, а вие не сте од Бога и затоа не сакате да слушате.“
Вечното потекло на Исус
48 Еврејските верски водачи Му рекоа на Исуса: „Зар не сме во право кога велиме дека Ти си Самарјанец[a] и дека си обземен од демон!?“
49 Исус им одговори: „Јас немам демон во Себе, зашто Го почитувам Мојот небесен Татко, а вие Ме срамотите. 50 Иако, Јас не барам слава за Себе, Бог бара да Ме почитувате и Тој ќе суди за тоа. 51 Ве уверувам дека тој што се држи до Моето учење, никогаш нема да умре!“
52 Еврејските верски водачи Му рекоа: „Сега сме уверени дека си обземен од демон! Авраам умре и пророците умреа, а Ти велиш: ,Тој што се држи до Моето учење, никогаш нема да умре!‘ 53 Зар си Ти поголем од нашиот татко Авраам, кој сепак умре!? А и пророците умреа. Што се замислуваш Ти!?“
54 Исус им одговори: „Ако Јас самиот си придавам чест, Мојата слава е ништожна. Мојот Татко е Тој што Ме прославува - Оној, за Кого вие велите дека е ваш Бог, 55 а никогаш не сте Го познавале. Јас, пак, Го знам. Кога би рекол дека не Го знам, би бил лажливец како вас. Но Јас Го знам и го извршувам тоа што Тој ќе го каже. 56 Вашиот прататко Авраам се радуваше во очекувањето да го види денот на Моето доаѓање; тој го виде и беше пресреќен.“
57 „Како си можел да го видиш Авраам[b], кога немаш ни педесет години!?“ - Му рекоа еврејските верски водачи.
58 Исус им одговори: „Ве уверувам дека уште пред да се роди Авраам, ЈАС СУМ[c]!“ 59 Тогаш тие зедоа камења за да фрлаат по Него, но Исус се скри и го напушти храмот.
Copyright 1999 by HBC Radosna Vest