Book of Common Prayer
24 Ненадејно Фест стана и почна да вика: „Си споулавел, Павле! Од многу читање си се мрднал од умот!“
25 „Не сум споулавел, честити Фесте!“ - рече Павле. „Тоа што го зборувам е разумно и вистинито! 26 Царот Агрипа добро ги познава овие работи и затоа јас толку слободно зборувам пред него. Уверен сум дека ништо од сево ова не му е непознато, бидејќи ова не се одигруваше во некое зафрлено ќоше! 27 Верувате ли, царе Агрипа, во она што го пишале пророците? Знам дека верувате!“
28 Агрипа му одговори: „За малку и мене ќе ме убедиш да станам христијанин[a]!“
29 На тоа Павле му рече: „Му се молам на Бог, за малку или за многу не само Вие, туку и сите што денес ме слушате да станете такви луѓе каков што сум јас, но без окови!“ 30 Тогаш царот, гувернерот, Берника и сите што седеа со нив станаа, 31 и на заминување си рекоа меѓу себе: „Овој човек нема направено ништо што би заслужувало смртна казна или затвор!“ 32 А Агрипа му рече на Фест: „Ако овој човек не беше побарал да оди кај императорот, можеше веднаш да биде ослободен!“
ПАВЛЕ ОТПЛОВУВА КОН РИМ
27 Кога беше решено да не носат за Италија, Павле и неколку други затвореници, му беа предадени на еден офицер[b] од Августовиот[c] полк по име Јулиус. 2 Се качивме на еден брод, чие матично пристаниште беше Адрамитија. Тој се подготвуваше да плови покрај местата од брегот на Азија што ни беа на пат. Со нас беше и Аристарх, Македонец од Солун.
3 Следниот ден пристигнавме во Сидон. Римскиот офицер Јулиус беше многу љубезен со Павле и му дозволи да отиде кај неговите пријатели, за да го снабдат со се што му е потребно.
4 Откако отпловивме оттаму, скршнавме накај Кипар, зашто ветровите не ни дозволуваа да продолжиме во планираната насока. 5 Поминавме покрај бреговите на покраините Киликија и Памфилија, па дојдовме до местото Мира во покраината Ликија. 6 Таму офицерот најде еден египетски брод од Александрија што требаше да плови за Италија и не префрли на него.
7 Долго време пловевме бавно и тешко и одвај дојдовме до брегот на Книд. Ветрот не ни дозволуваше да впловиме во Книд, па отпловивме на спротивната страна од островот Крит, заобиколувајќи го ’ртот Салмона. 8 Со голема мака го заобиколивме и дојдовме до местото наречено Добри Пристаништа, близу до градот Ласеја.
6) Повик на духовна будност
(Мт. 24:32-44; Лк. 21:29-33) 28 „Научете се од примерот со смоквата: кога гранките ќе и распупат и ќе и разлистаат, знаете дека наближува летото. 29 Така, кога ќе забележите дека овие случки што ви ги опишав се одигруваат, знајте дека враќањето на Месијата е на прагот. 30 Ве уверувам дека некои луѓе од оваа генерација[a] сe уште ќе бидат живи, кога сите тие случки ќе се одиграат! 31 Небото и Земјата ќе ги снема, но Моите зборови ќе останат!
32 А што се однесува до точното време и час - тоа никој не го знае, дури ни ангелите на небото, па ни Синот Човечки, туку само небесниот Татко! 33 Затоа, бидете духовно будни и подготвени, бидејќи не знаете кога точно ќе настапи тоа време!
34 Враќањето на Месијата може да се спореди со човек кој заминува на пат и им ја предава грижата за куќата на своите слуги. На секој од нив му дава задолжение, а на чуварот му наредува да бдее. 35 Значи, бидете будни, зашто не знаете во кој час ќе се врати господарот на куќата! Тој може да се врати навечер или на полноќ или во раните мугри кога петлите пеат! 36 Да не ве изненади и затекне на спиење! 37 Тоа што ви го велам вам, им го кажувам на сите: Бидете духовно будни!“
Copyright 1999 by HBC Radosna Vest