Book of Common Prayer
23 Пред да ни се објави верата во Христос, како начин да бидеме прифатливи за Бог, Законот не чуваше како затвореници, под свој надзор.
Божји деца преку вера
24 Така Законот ни беше воспитувач[a] што не водеше кон Христос, за да се помириме со Бог преку вера. 25 Сега кога ни се објави верата, веќе нема потреба Законот да ни биде воспитувач.
26 Сите стануваме Божји деца, преку вера во Исус Христос. 27 Сите што преку крштавање во името на Христос се идентификуваа со Него, станаа како Христос[b]. 28 Без разлика дали се работи за Евреин или за Грк[c], за роб или за слободен, за маж или за жена, сите што сте христијани сте еднакви пред Христос. 29 Ако Му припаѓате на Христос, тогаш вие сте вистинските потомци на Авраам и вие ќе го добиете она што Бог му го вети.
4 Но, се додека наследникот е малолетен не се разликува многу од роб, иако тој е сопственик на се. 2 Старатели го чуваат и застапници ги водат работите во негово име, се додека не дојде времето што го определил неговиот татко.
3 Така е и со нас. Додека бевме духовно малолетни, им бевме потчинети на световните сили. 4 Кога дојде определеното време, Бог Го прати Својот Син. Тој се роди од жена и живееше под Законот. 5 Бог го испрати Христос за да не ослободи од Законот и, преку посвојување, да не направи Божји деца.
6 За да ви докаже дека и вие, неевреите, станавте Негови деца, Бог Го испрати во нашите срца Духот на Својот Син. Духот ви дава слобода да Му се обраќате на Бог со: „Аба[d]“, односно со „Татко“. 7 Така, сега не сте веќе робови, туку Божји деца, а штом сте Божји деца, вие ќе наследите се што е Божјо.
Исус
- Светлина на светот 12 Подоцна, Исус повторно им зборуваше на фарисеите: „Јас сум Светлината на светот! Секој што ќе биде Мој следбеник ќе ја има животодавната Светлина и никогаш нема да талка во темнина!“
13 Тогаш фарисеите Му рекоа: „Еве, сега Самиот сведочиш за Себе! Значи, Твоето сведоштво не е веродостојно!“
14 Исус им одговори: „И да сведочам Сам за Себе, тоа што го кажувам е веродостојно, затоа што Јас знам од каде дојдов и каде заминувам. А вие не знаете ниту од каде доаѓам, ниту каде заминувам. 15 Вие судите според човечки мерила, а Јас никого не судам. 16 А, и ако судам, Мојот суд е справедлив, бидејќи тоа не го правам Сам, туку заедно со Таткото што Ме испрати. 17 Во вашиот Закон стои запишано дека сведоштвото од двајца[a] се смета за веродостојно. 18 Јас сведочам за Себе и Мојот Татко што Ме испрати сведочи за Мене.“
19 Тогаш тие Го прашаа: „Каде е Твојот Татко?“ Исус им одговори: „Ниту Мене Ме познавате, ниту Мојот Татко Го познавате! Кога би Ме знаеле Мене, би Го знаеле и Мојот Татко!“ 20 Овие зборови Тој ги кажа кај ризницата[b], додека поучуваше во храмот и никој не Го уапси, зашто се уште не беше дошол Неговиот час.
Copyright 1999 by HBC Radosna Vest