Book of Common Prayer
Заговор против Павле
12 Кога се раздени, група Евреи сковаа заговор. Се заколнаа дека нема ни да јадат, ни да пијат, се додека не го убијат Павле. 13 Во заговорот зедоа учество повеќе од четириесет мажи. 14 Тие отидоа кај Првосвештеникот и старешините, па им рекоа: „Ние се заколнавме ништо да не ставаме в уста, се додека не го убиеме Павле. 15 Затоа јавете му на полковникот да го доведе Павле во собранието, божем имате намера поподробно да го испрашувате, а ние, уште пред тој да втаса овде ќе му поставиме заседа и ќе го убиеме.“
16 Но синот на Павловата сестра разбра за овој заговор, па отиде во воената тврдина и му кажа на Павле. 17 Павле викна еден од офицерите и му рече: „Одведи го ова момче кај полковникот. Има нешто важно да му пренесе.“
18 Офицерот го одведе и му рече на полковникот: „Затвореникот Павле ме викна и ме замоли да го доведам ова момче кај вас, зашто имало нешто важно да ви каже.“ 19 Полковникот го фати за рака момчето, го одведе настрана и го праша: „Што сакаш да ми кажеш?“
20 Момчето му рече: „Евреите се договорија да ве замолат утре да го доведете Павле во собранието, како божем да имаат намера поподробно да го испрашаат. 21 Немојте да ги послушате, зашто повеќе од четириесетмина Евреи му поставија заседа за да го убијат! Се заколнале дека нема да јадат и пијат, се додека не го убијат. Веќе демнат во заседа и чекаат само вие да го одобрите нивното барање.“
22 Полковникот го пушти момчето, наредувајќи му на никого да не кажува дека го известил за заговорот.
Павле е испратен кај гувернерот Феликс
23 Потоа полковникот викна двајца од своите офицери и им рече: „Одберете двесте војници, седумдесет коњаници и двесте стрелци, и наредете им да се подготват вечерва во девет часот да заминат за Цезареја. 24 Обезбедете за Павле добиток за јавање, за безбедно да го одведете кај гувернерот Феликс.“
Прашање за авторитетот на Исус
(Мт. 21:23
-27; Лк. 20:1-8) 27 Исус и Неговите ученици повторно дојдоа во Ерусалим. Додека Исус шеташе по храмот, Му пристапија свештеничките поглавари, вероучителите и старешините 28 и Го прашаа: „Со какво право го вршиш сето ова? Кој те овластил?“
29 Исус им одговори: „И Јас сакам нешто да ве прашам. Ако вие ми одговорите, тогаш и Јас ќе ви кажам кој Ме овластил да го правам сето ова. 30 Кажете ми, од каде му беше овластувањето на Јован Крстител да крштава: од Бога[a] или од луѓето?“ 31 Тие почнаа меѓу себе да си шепотат вака: Ако речеме „од Бога“, тогаш ќе ни рече: „Ами, зошто не му поверувавте!?“ 32 Ако пак речеме „од луѓето“, се плашиме од народот, зашто сиот народ го смета Јована за пророк. 33 Затоа вака Му одговорија на Исус: „Не знаеме!“ Но Исус им рече: „Тогаш ни Јас нема да ви кажам со какво право го вршам сето ова!“
Алегорија со лошите лозари
(Мт. 21:33-46; Лк. 20:9-19) 12 Тогаш Исус им ја кажа оваа споредба:
„Еден човек си насади лозје, го загради со плот, ископа јама за гмечење на грозјето и изгради чуварска кула. Потоа им го даде лозјето под наем на лозарите, а тој замина на пат. 2 Кога дојде време за гроздобер, тој испрати еден од своите слуги кај лозарите, за да му го донесе делот од бербата што му припаѓа како надомест. 3 Но лозарите го фатија, го натепаа и го избркаа со празни раце. 4 Тој повторно им испрати друг слуга, но тие го изудрија по главата и го изнавредија. 5 Им испрати и трет слуга, но тие го убија. Потоа испрати и многу други слуги, но лозарите едни од нив претепаа, други убија.
6 Му остана уште само еден: неговиот син-љубимец. На крајот им го испрати и него, сметајќи дека ќе имаат почит спрема него. 7 Но лозарите си рекоа меѓу себе: ,Овој е наследникот! Ајде да го убиеме и да го присвоиме неговото наследство!‘ 8 И го фатија, го убија, а телото му го исфрлија надвор од лозјето. 9 Што мислите, што ќе направи сопственикот на лозјето? - Ќе дојде и ќе ги погуби лозарите, а лозјето ќе им го даде на други лозари!
10 Зар не сте го читале ова во Светото Писмо:
,Каменот што ѕидарите го отфрлија
стана камен-темелник!
11 Тоа го направи Господ -
како прекрасна глетка пред нашите очи[b]!‘“
12 Еврејските водачи сфатија дека оваа споредба се однесува на нив и сакаа да Го уапсат, но се плашеа од народот. Затоа Го оставија и си заминаа.
Copyright 1999 by HBC Radosna Vest