Print Page Options
Previous Prev Day Next DayNext

Book of Common Prayer

Daily Old and New Testament readings based on the Book of Common Prayer.
Duration: 861 days
Macedonian New Testament (MNT)
Version
Error: Book name not found: Ps for the version: Macedonian New Testament
Error: Book name not found: 2Sam for the version: Macedonian New Testament
Дела Ап 22:30-23:11

Павле пред собранието

30 Следниот ден, сакајќи да дознае за што ќе го обвинат Евреите, полковникот го ослободи Павле од прангите и нареди да се соберат Првосвештениците и сите членови на еврејското собрание[a], па го доведе Павле и им го предаде на сослушување.

23 Со вперен поглед кон членовите на собранието, Павле им рече: „Браќа, мојата совест пред Бога е чиста!“

Тогаш Првосвештеникот Ананија им нареди на оние што стоеја покрај Павле да го удрат по устата. Павле му одговори: „Бог ќе те удри тебе, ѕиду варосан! Си седнал да ме судиш според законот, а наредуваш да ме удираат, спротивно на законот!“

Оние што стоеја до Павле му рекоа: „Како се осмелуваш да го навредуваш Божјиот Првосвештеник!?“

Тогаш Павле им се извини: „Не знаев, браќа, дека тој е Првосвештеник, зашто во Светото Писмо пишува: ,Не зборувај лошо за водачот на својот сопствен народ[b]!‘“

Кога Павле забележа дека дел од членовите на собранието се садукеи[c], а дел се фарисеи[d], гласно рече: „Браќа, јас сум фарисеј! Сите мои предци биле фарисеи! Овде ми се суди заради тоа што верувам дека ќе има воскресение од мртвите!“

Тоа предизвика расправија меѓу фарисеите и садукеите, па во собранието дојде до поделба. Садукеите тврдеа дека нема ни воскресение, ни ангели, ни духови, а фарисеите веруваат во сето ова. Настана голема викотница. Неколку вероучители од фарисеите станаа и почнаа жестоко да се препираат со садукеите, велејќи: „Не гледаме ништо лошо кај овој човек! Можеби навистина му се јавил дух или ангел и му зборувал!“

10 Расправијата стануваше се пожестока, па полковникот се исплаши дека ќе го растргнат Павле на парчиња. Затоа нареди војниците да го тргнат оттаму и да го вратат во воената тврдина.

11 Таа ноќ Господ му се појави на Павле и му рече: „Држи се храбро, зашто за Мене ќе треба да проповедаш и во Рим онака како што сведочеше овде во Ерусалим!“

Марко 11:12-26

Исус ја проколнува неплодната смоква

(Мт. 21:18-19) 12 Утредента, кога излегуваа од Бетанија, Исус огладне. 13 Од далечина забележа една разлистена смоква крај патот и се упати кон неа да види дали има плодови. Кога дојде, не најде плодови, туку само лисје, зашто сe уште не беше време за смокви. 14 Исус му се обрати на дрвото: „Од тебе никој веќе никогаш да не јаде плодови!“ Ова го слушнаа Неговите ученици.

Исус го расчистува Храмот

(Мт. 21:12-17; Лк. 19:45-48; Јвн. 2:13-22) 15 Исус и Неговите ученици дојдоа пак во Ерусалим. Влегувајќи во Божјиот храм, Исус почна да ги отстранува сите луѓе кои во храмот вршеа купопродажби. Им ги испреврте масите на менувачите на пари и тезгите на оние што продаваа гулаби. 16 Не дозволи никој ништо да пренесува низ храмот. 17 Потоа ги поучуваше, велејќи: „Зар Бог во Светото Писмо не ви напиша: ,Мојот храм нека биде место за молитва на сите народи[a]!?‘ А вие го претворивте во разбојничко дувло!“

18 Ова им дојде до ушите на свештеничките поглавари и на вероучителите кои почнаа да планираат како да Го убијат Исуса. Тие се плашеа од Него, бидејќи целиот народ беше одушевен од Неговите поуки.

19 Кога се стемни, Исус и Неговите ученици се повлекоа од градот.

Поука од смоквата и моќта на молитвата

(Мт. 21:20-22) 20 Рано изутрината, минувајќи крај смоквата, учениците на Исус забележаа дека таа од корен се исушила. 21 Тогаш Петар се сети на случката и Му рече на Исус: „Погледни, Учителе! Смоквата што Ти ја проколна се исушила!“

22 Исус им рече: „Имајте вера во Бог! 23 Ве уверувам дека, ако имате вера во Бог и не се сомневате, ќе можете да и кажете на оваа планина да се искорне и да се фрли во морето, и тоа ќе се случи. 24 Ви велам: Сe што ќе побарате преку молитва ќе добиете, ако имате вера. 25 Кога се молите, простувајте им на оние што се огрешиле против вас. Тогаш вашиот небесен Татко ќе ви ги прости и вашите гревови.“ 26 [b]

Macedonian New Testament (MNT)

Copyright 1999 by HBC Radosna Vest