Book of Common Prayer
Првото чудо на Исус
2 По три дена мајка Му на Исус беше на една свадба во градот Кана, во покраината Галилеја. 2 На свадбата беа поканети и Исус со Неговите ученици. 3 Кога виното се потроши, мајка Му на Исус Му рече: „Им снема вино!“
4 „Зошто ме вовлекуваш во ова[a], жено?“ - и одговори Исус. „Моето време[b] се уште не е дојдено!“
5 Тогаш мајка Му им рече на слугите: „Направете се што ќе ви каже!“
6 Таму имаше шест камени садови за вода, кои беа наменети за обредно миење, според еврејскиот обичај. Секој од нив собираше од 80 до 120 литри[c].
7 „Наполнете ги садовите со вода!“ - им рече Исус. Тие ги наполнија до врвот.
8 Потоа им рече: „Нацрпете сега и однесете му на шефот на послугата!“ Тие му однесоа. 9 Кога тој ја проба водата, што сега се беше претворила во вино, не знаејќи од каде е (само слугите кои нацрпија од водата знаеја), го повика младоженецот, 10 па му рече: „Секој човек го служи прво најдоброто вино, а кога ќе се заситат гостите, го служи полошото. Ти, пак, си го чувал најдоброто вино се до сега!“
11 Исус го направи ова во галилејското место Кана и тоа беше Неговото прво чудо[d], со кое Исус ја покажа Својата слава и Неговите ученици поверуваа во Него.
12 По ова, Исус, мајка Mу, Неговите браќа и Неговите ученици заминаа за Кафарнаум, каде што останаа неколку дни.
23 Откако Го распнаа Исуса, војниците Му ги зедоа алиштата и ги разделија на четири дела - по еден дел за секој војник. Но туниката на Исус беше без раб, исткаена од еден дел. 24 Затоа тие си рекоа еден на друг: „Да не ја кинеме, туку ајде да фрлиме жрепка за неа, па да видиме кој од нас ќе ја добие!“
Така се исполни Светото Писмо, кое претскажа:
„Моите алишта си ги разделија, а за туниката фрлија жрепка[a].“
25 Веднаш до Исусовиот крст стоеја Неговата мајка, нејзината сестра, чие име беше Марија, која му беше сопруга на Клопас, и Марија Магдалена. 26 Кога Исус ги виде Својата мајка и Својот милен ученик крај неа, Тој и рече на мајка си: „Жено, сега тој ќе ти биде син!“ 27 Потоа му рече на ученикот: „Отсега таа нека ти биде мајка!“ Од тој ден, тој ја зеде Исусовата мајка кај себе.
Copyright 1999 by HBC Radosna Vest