Print Page Options
Previous Prev Day Next DayNext

Book of Common Prayer

Daily Old and New Testament readings based on the Book of Common Prayer.
Duration: 861 days
Macedonian New Testament (MNT)
Version
Error: Book name not found: Ps for the version: Macedonian New Testament
Error: Book name not found: 2Sam for the version: Macedonian New Testament
Дела Ап 18:12-28

12 Но кога Галио стана управник на Ахаја, извесен број Евреи се здружија и се кренаа против Павле. Го изведоа на суд пред Галио, 13 изнесувајќи го против него следново обвинение: „Овој човек ги наговара луѓето да Му пристапуваат на Бог на начин што е спротивен на нашиот верски Закон!“ 14 Пред Павле уста да отвори, Галио се сврте накај Евреите и им рече: „Евреи, ако се работеше за злосторство или за некаков престап, ќе бев должен да ве ислушам; 15 но со оглед на тоа што се работи за учења, за личности и за вашиот верски Закон, тоа расчистете си го самите меѓу себе. Јас немам намера да ви пресудувам за такви нешта!“ 16 Потоа ги избрка од судницата. 17 А тие го фатија Состен, кој беше управник на синагогата и го тепаа пред судот, но Галио воопшто не интервенираше.

Второто мисионерско патување завршува:

Павле се враќа во сириска Антиохија

18 Павле остана во Коринт уште извесно време, а потоа се збогува со тамошните христијани и отплови за Сирија. Со него отпатуваа и Присцила и Акила. (Претходно, во Кенкреја, согласно со еврејските обичаи, Павле си ја беше избричил главата, зашто имаше дадено таков завет.)

19 Кога пристигнаа во пристаништето Ефес, Павле се раздели од своите придружници. Додека беше во Ефес, отиде во синагогата и им проповедаше на Евреите. 20 Тие го замолија да остане кај нив подолго време, но тој не прифати, 21 туку, збогувајќи се со нив, им рече: „Ако даде Бог, пак ќе се вратам кај вас[a].“ Потоа отплови од Ефес.

22 Дојде до пристаништето Цезареја, се поздрави со луѓето од црквата[b], па замина за Антиохија. 23 Откако остана извесно време во сириска Антиохија, Павле одново тргна на пат, посетувајќи ги редум христијаните во областите на Галатија и Фригија, за да ги охрабри.

Аполос проповеда во Ефес и Ахаја

24 Во меѓувреме, во Ефес пристигна еден Евреин по име Аполос. Тој беше родум од градот Александрија, во Египет. Беше вешт говорник и добро ги познаваше Божјите книги. 25 Веќе беше упатен на Патот Господов и многу ревносно и точно проповедаше за Исус, иако знаеше само за крштавањето на Јован Крстител. 26 Тој почна смело да зборува во синагогата. Кога го слушнаа Присцила и Акила, го зедоа кај нив и уште подобро му го објаснија Божјиот Пат.

27 Аполос реши да замине за Ахаја[c]. Христијаните од Ефес го охрабрија и им напишаа писма на христијаните во Ахаја, со препорака да го прифатат. Кога пристигна во Ахаја, Аполос многу им помогна на новообратените христијани кои поверуваа благодарение на Божјата дарежлива благонаклоност. 28 Тој на јавни дебати ги побиваше Евреите со силни аргументи, докажувајќи им преку Божјите книги дека Исус е Месијата што им беше предвестен.

Марко 8:22-33

Исус исцелува слеп човек во Бетцаида

22 Кога Исус и Неговите ученици отидоа во селото Бетцаида, некои луѓе Му донесоа еден слеп човек и Го молеа со допир да го излекува. 23 Исус го фати за рака и го изведе надвор од селото. Потоа со плунка му ги намачка очите и го праша дали нешто гледа. 24 Човекот го поткрена погледот и рече: „Гледам луѓе, но ги гледам нејасно како дрвја во движење.“ 25 Со Своите раце Исус повторно му ги допре очите. Тогаш човекот наполно прогледа и сe гледаше јасно. 26 Исус му рече: „Сега можеш да си одиш дома, но не наминувај во селото да раскажуваш за ова!“

Кој е Исус? Одговорот на Петар

(Мт. 16:13-20; Лк. 9:18-21) 27 Исус и Неговите ученици заминаа по селата во околината на градот Цезареја Филипова. Додека патуваа, Исус ги запраша: „За кого Ме сметаат луѓето?“

28 Учениците одговорија: „Едни мислат дека си Јован Крстител или пророкот Илија; други мислат дека си некој од древните пророци.“

29 Тогаш Исус ги праша: „А за кого Ме сметате вие?“

Петар одговори: „Ти си Месијата!“

30 Исус им забрани да им кажуваат на луѓето за Него.

Исус првпат ја навестува Својата смрт

(Мт. 16:21-23; Лк. 9:22-27) 31 Оттогаш Исус почна да им кажува што сe ќе се случи со Него. Им кажа дека Него, Синот Човечки, Го очекуваат големи страдања, дека Тој ќе биде отфрлен од народните водачи, од свештеничките поглавари и од вероучителите, дека тие ќе Го убијат, но и дека по три дни Тој ќе воскресне. 32 За сето ова им говореше многу отворено.

Тогаш Петар Го повлече Исуса настрана, укорувајќи Го дека така зборува. 33 Исус се сврте кон Своите ученици, а потоа со строг глас му рече на Петар: „Бегај од Мене, Сатано! Тоа што го велиш е човечко размислување, а не Божјо!“

Macedonian New Testament (MNT)

Copyright 1999 by HBC Radosna Vest