Book of Common Prayer
ПРВОТО МИСИОНЕРСКО ПАТУВАЊЕ НА ПАВЛЕ
13 Меѓу пророците и учителите во антиохиската[a] црква беа и Барнаба, Симон наречен ,Црнец‘[b], Луцие од Кирена, Менахем, кој беше израснал со царот[c] Ирод, и Савле. 2 Еден ден, додека Му служеа на Господ и постеа, Светиот Дух им рече: „Одвојте ми ги Барнаба и Савле за една посебна задача што сакам да им ја доверам!“ 3 Откако постеа и се молеа, нивните соработници ги положија рацете врз нив и ги испратија.
1) Мисија во Кипар
4 Савле и Барнаба, испратени од Светиот Дух, слегоа во пристаништето Селевкија, а оттаму отпловија за островот Кипар. 5 Таму, во градот Саламис[d], одеа по еврејските синагоги и ја проповедаа Божјата порака. Со нив, како помошник, беше и Јован, со прекар Марко.
6 Го поминаа целиот остров, се до гратчето Пафос. Таму сретнаа еден човек по име Бар-Исус[e]. Тој се занимаваше со магии и лажно им се претставуваше на Евреите како Божји пророк. 7 Од друга страна, тој му беше пријател на Сергиј Павле, управник на островот. Управникот беше разумен човек, па ги покани Барнаба и Савле, сакајќи од нив да ја слушне Божјата порака. 8 Маѓепсникот Елимас (така го викаа на грчки), им се противстави, настојувајќи да го спречи управникот да стане христијанин. 9 Тогаш Савле, познат и како Павле, се исполни со Светиот Дух, го погледна маѓепсникот в очи 10 и му рече: „Човеку, ти си полн со измами и лукавства! Ѓаволски син си, непријател на се што е праведно! Нема ли да престанеш да лажеш и да тврдиш дека твоите лаги се вистинските патишта Господови!? 11 Еве, сега раката Господова ќе те казни: ќе ослепиш и извесно време нема да гледаш!“
Маѓепсникот веднаш ослепе и талкаше наоколу, молејќи се некој да го фати за рака и да го води. 12 Кога управникот виде што се случи, поверува, а она што го научи за Господ му остави силен впечаток.
Прашања околу саботниот ден
(Мт. 12:1-8; Лк. 6:1-5) 23 Еден саботен ден Исус минуваше преку некои ниви, а Неговите ученици кинеа клавчиња. 24 Некои од фарисеите Му приговорија, велејќи: „Зошто го прават во саботен ден она што не смее да се прави во сабота!?“
25 Исус им одговори: „Зар не сте читале што направи Давид кога заедно со неговата дружина се најдоа во невола и огладнеа? 26 Тоа беше во времето на Првосвештеникот Евјатар. Давид влезе во Божјиот храм, и тој и неговата дружина јадеа од посветените лебови, од кои само свештениците смеат да јадат!“
27 Во заклучок, Исус им рече: „Саботата е создадена за човекот, а не човекот за саботата! 28 Затоа, Јас, Синот Човечки, Сум господар и на саботата.“
Исус исцелува во саботен ден
Заговор против Исус
(Мт. 12:9-14; Лк. 6:6-11) 3 Исус повторно влезе во тамошната синагога и таму сретна еден човек со парализирана рака. 2 Фарисеите сакаа да Го обвинат Исуса, па Го демнеа, за да видат дали ќе го исцели човекот во саботен ден.
3 Исус му се обрати на човекот со парализирана рака: „Дојди, застани пред сите!“ 4 Потоа праша: „Што треба да се прави во сабота: добро или лошо? Да се спаси некој човечки живот, или да се уништи?“ Сите молчеа. 5 Исус налутено ги изгледа сите по ред. Сепак, Му стана жал за нив, поради нивната тврдоглавост. Потоа му се обрати на човекот: „Испружи си ја раката!“ Тој ја испружи и раката му оздраве.
6 Фарисеите веднаш излегоа и заедно со приврзаниците на Ирод се договорија да Го убијат Исуса.
Copyright 1999 by HBC Radosna Vest