Book of Common Prayer
18 Кога се раздени, настана паника меѓу војниците. Не знаеја што се случило со Петар! 19 Ирод испрати потера, но не го најде. Ги испрашуваше и стражарите, но безуспешно, па нареди да ги погубат.
Потоа Ирод ја напушти Јудеја и привремено се пресели во Цезареја.
Смртта на Ирод Агрипа
20 Ирод беше во многу лоши односи со граѓаните на Тир и Сидон. Тие се здружија, испратија кај него делегација. Го поткупија Бласт, кој му беше собар, и побараа да склучат мир, бидејќи нивната земја добиваше храна од земјата на царот Ирод.
21 На договорениот ден, Ирод се облече во царска облека, седна на престолот, и му одржа говор на насобраниот народ. 22 Народот одушевено викаше: „Ова е глас на бог, а не на човек!“
23 Во истиот миг ангел Господов го удри со болест, зашто не Му оддаде слава на Бог. Во неговото тело се развија црви од што тој набргу умре.
24 А Божјата порака се пошироко се проповедаше и бројот на христијаните растеше.
25 Откако ја завршија мисијата во Ерусалим, Барнаба и Савле се вратија во Антиохија. Со себе го зедоа Јована, со прекар Марко.
Исус го повикува Левиј (Матеј) за апостол
(Мт. 9:9-13; Лк. 5:27-32) 13 Исус повторно отиде на брегот на Галилејското Езеро. Голема толпа луѓе се собра околу Него и Тој ги поучуваше. 14 Одејќи, Исус го забележа Алфеевиот син Левиј. Тој седеше на своето работно место - собирач[a] на данок. Исус го повика: „Дојди и биди Мој следбеник!“ Левиј стана и Му се придружи на Исус.
15 Подоцна Исус и Неговите ученици беа поканети на вечера кај Левиј. Меѓу поканетите беа и голем број собирачи на данок и други грешници кои одеа по Исус.
16 Некои од вероучителите беа припадници на фарисеите[b]. Гледајќи како Исус вечера со грешници и собирачи на данок, тие им приговорија на Исусовите ученици, велејќи: „Зошто Исус вечера со собирачи на данок и со грешници!?“
17 Исус ги слушна и им одговори: „На здравите луѓе не им е потребен лекар, туку на болните. За Мои следбеници не дојдов да поканувам „праведници“, туку грешници!“
Прашања за постот
(Мт. 9:14-17; Лк. 5:33-39) 18 Учениците на Јован Крстител, како и фарисеите, практикуваа постење. Затоа некој дојде кај Исус и Го праша: „Зошто Твоите ученици не постат, како што постат учениците на Јован Крстител и на фарисеите?“ 19 Исус им одговори: „Зар очекувате сватовите да постат за време на свадбата, додека младоженецот е со нив? 20 Ќе дојде време кога младоженецот ќе се оттргне од нив; тогаш тие ќе постат.
21 Не се крпи стара облека со нова крпа од непрано платно! Зашто, крпата од новото платно ќе се собере и ќе направи уште поголема дупка!
22 Не се става ново вино во стари кожни мешини! Новото вино ферментирајќи ќе ги пукне старите мешини! Тогаш и виното ќе истече и мешините ќе се уништат. Ново вино се става во нови мешини!“
Copyright 1999 by HBC Radosna Vest