Book of Common Prayer
4 Христос ја исполни целта на Законот[a]. Сега сите што веруваат во Христос се здобиваат со праведност пред Бог.
Праведност преку вера
5 Пишувајќи за стекнување праведност според Божјиот Закон, Мојсеј вели: „Кој ќе се придржува до сите наредби во Законот, ќе живее[b].“
6 А праведноста што се стекнува преку вера вели вака: „Не треба да се искачиш на небото за да Го доведеш Христос 7 и не треба да слегуваш во светот на мртвите за да Го вратиш Христос меѓу живите[c]!“ 8 Пораката за спасение преку вера во Христос е лесно достапна, како што и се вели во Светото Писмо:
„Пораката е близу до тебе,
таа е на твоите усни, во твоето срце[d].“
Ова е учењето за верата што ние го проповедаме.
9 Ако со својата уста Го признаваш Исус за Господ, и ако во своето срце веруваш дека Бог Го воскресна од мртвите, ќе бидеш спасен. 10 Ако длабоко во себе имаш таква вера, Бог ќе те смета за праведен. Ако со својата уста ја исповедаш оваа вера, ќе бидеш спасен.
11 Светото Писмо вели вака: „Ниту еден од оние што веруваат во Него нема да се разочара[e]!“ 12 Без оглед на тоа дали се работи за Евреин или за припадник на некој друг народ. Единствениот Господ што постои е за сите и Тој е дарежлив спрема сите што бараат помош од Него. 13 „Секој што ќе Му се обрати на Господ, ќе биде спасен[f].“
14 Но како ќе Му се обраќаат на Господ, ако не веруваат во Него? А како ќе поверуваат, ако не чуле за Него? Како ќе чујат, ако некој не им проповеда? 15 А како може некој да проповеда, ако не е испратен од Господ? Затоа во Светото Писмо пишува:
„Благословени се стапалата
на луѓето што ја разгласуваат Радосната вест[g]!“
16 Но сите не ја прифатија Радосната вест. Пророкот Исаија вели: „Господе, има ли некој што верува во пораката што ја проповедаме[h]?“ 17 Сепак, верата доаѓа преку слушање, и тоа преку слушање на Радосната вест за Христос[i].
Лицемерните свештеници ќе бидат казнети
(Лк. 11:47-51; 13:34-35) 29 „Тешко вам, вероучители и фарисеи, лицемери ниедни! Вие им ѕидате гробници на пророците и ги украсувате спомениците на праведниците, 30 и велите: ,Да живеевме во времето на нашите предци, ние немаше да соучествуваме во убивањето на пророците!‘ 31 Така самите признавате дека сте им потомци на оние што ги убиваа пророците! 32 Затоа, ајде, довршете го делото на вашите предци! 33 Змии ниедни и змиски рожби! Како ќе ја избегнете пресудата за во пеколот[a]!? 34 Затоа, еве, испраќам меѓу вас пророци и мудри луѓе и вероучители, а вие некои од нив ќе убиете, на крст ќе ги распнете, а некои ќе ги камшикувате по синагогите и ќе ги прогонувате од еден град во друг. 35 Така, врз вас ќе падне казната за сите невини жртви на Земјата, од убиството на праведниот Авел до убиството на Захарија, синот на Берекија, кого го убивте меѓу храмот и жртвеникот! 36 Ве уверувам дека казната за сите овие убиства ќе падне врз оваа генерација!
37 Ерусалиме, Ерусалиме, што ги убиваш пророците и ги каменуваш Божјите пратеници испратени во тебе! Колкупати сакав да ги закрилам твоите жители како квачката што ги собира пилињата свои под крилјата, но вие не сакавте! 38 Затоа, вашиот храм[b] ќе ви се препушти вам и ќе запусти. 39 Ви кажувам дека отсега нема да Ме видите се додека не речете: ,Благословен да биде Оној што доаѓа во името на Господ[c]!‘“
ИСУС ЈА ПРЕТСКАЖУВА ИДНИНАТА НА СВЕТОТ
Copyright 1999 by HBC Radosna Vest