Book of Common Prayer
Големиот углед на првите христијани
12 Преку рацете на апостолите беа покажувани многу видливи докази и чуда сред народот. Тие редовно се состануваа во храмот, под Соломоновиот трем, и сите беа сложни. 13 Иако луѓето многу ги почитуваа, никој не се осмелуваше да им се придружи во храмот. 14 Од друга страна, се умножуваше бројот на луѓето што веруваа во Господ, голем број мажи и жени. 15 Луѓето изнесуваа на улиците болни, положени на носила и постели, со надеж дека барем сенката на апостол Петар ќе падне на некој од нив и ќе ги исцели. 16 Се собираа многу луѓе и од градовите околу Ерусалим. Носеа болни и обземени од демонски духови, и сите беа исцелувани.
Верските водачи ги прогонуваат Христовите апостоли
17 Тогаш Првосвештеникот и неговите пријатели, садукеите, се исполнија со завист, 18 па ги уапсија апостолите и ги фрлија в затвор. 19 Но уште истата вечер ангел Господов ги отвори вратите на затворот и ги ослободи, велејќи им: 20 „Одете, застанете во храмот и проповедајте им ја на луѓето оваа порака[a] што е од животна важност!“ 21 Апостолите ги послушаа и уште на разденување влегоа во храмот и ги поучуваа присутните.
22 Но испратените од гардата на храмот не ги најдоа апостолите во затворот, па се вратија и им рекоа: 23 „Затворот беше заклучен, со целото обезбедување и стража пред вратата, но кога влеговме внатре никого не најдовме!“ 24 Кога го слушнаа ова, заповедникот на гардата во храмот и Првосвештеникот се збунија и се прашуваа, што треба да значи тоа!?
25 Тогаш дојде еден човек и им рече: „Оние што ги фрливте в затвор сега се во храмот и го поучуваат народот!“
26 Штом го чу ова заповедникот на гардата на храмот, со своите слуги, отиде и ги доведе апостолите, без да употреби сила, зашто се плашеше да не биде каменуван од народот.
29 Потоа Исус им ја кажа оваа споредба: „Имајте ги предвид смоквите и другите дрвја. 30 Кога ќе забележите дека разлистуваат, знаете дека се приближува летото. 31 Така, кога ќе видите дека сите овие работи почнуваат да се случуваат, ќе знаете дека Божјото царство наближува.
32 Ве уверувам, дека оваа генерација[a] нема да изумре, додека сето ова не се исполни. 33 Небото и Земјата ќе исчезнат, но Моите зборови ќе останат засекогаш.“
Повик на будност
34 „Чувајте се да не се занесете во прослави, во пиење или во прекумерни грижи за овој живот, зашто Оној ден ќе ве затекне ненадејно, 35 како замка што ќе дојде по сите луѓе, во целиот свет! 36 Бидете на штрек и молитва во секое време, за да имате сили успешно да го пребродите сето ова што ќе се случи и да застанете исправени пред Синот Човечки[b].“
Copyright 1999 by HBC Radosna Vest