Book of Common Prayer
ХУМАНИТАРНА ПОМОШ ЗА ХРИСТИЈАНИТЕ ВО ЕРУСАЛИМ
8 Драги пријатели христијани во Коринт, сакаме да ве известиме за Божјата милосрдна благонаклоност кон црквите во Македонија. 2 Тие поминаа низ големи искушенија и низ многу неволи, но нивната радост е толку голема што, и покрај нивната голема сиромаштија, тие се многу дарежливи. 3 Јас сум сведок дека тие дадоа толку доброволни прилози колку што им се можностите, па и повеќе. 4 Многу не молеа да им дадеме можност и тие да се вклучат во собирањето доброволни прилози за помош на христијаните во Ерусалим. 5 Направија повеќе отколку што очекувавме. Прво самите себе Му се предадоа на Господ, а потоа ни се предадоа и нам, следејќи ја Божјата волја.
6 Затоа го замоливме Тит, кој од порано ја започна оваа служба на милосрдие меѓу вас, да се врати кај вас и да ја доврши. 7 Како што вие во многу нешта се истакнувате и имате: вера, проповедници, знаење, сериозен однос, љубов спрема нас[a], така погрижете се и вашата милосрдна дарежливост да не заостане. 8 Ова не е наредба, туку, гледајќи ја ревноста со која другите и пристапуваат на оваа задача, сакам да проверам колку е искрена вашата љубов.
9 Вие знаете каков милосрден дар ни даде нашиот Господ Исус Христос! Иако беше богат, заради вас Тој стана сиромашен, та преку Неговата сиромаштија вие да станете богати.
10 Пред една година вие први почнавте да давате прилози и го правевте тоа од се срце. Затоа ви препорачувам сега да го довршите тоа дело; тоа ќе биде добро и за вас. 11 Довршете ја оваа работа со истата ревност со која и ја започнавте. Дајте толку колку што можете. 12 Ако постои добра волја, таа се цени според можностите на секој дародавател. Никој не очекува да дадете нешто што немате. 13 Не велам давајќи за другите, вие да западнете во невола, туку повикувам на еднаквост. 14 Сега, кога вие имате во изобилие, треба да им помогнете на оние што се во немаштија, па кога тие ќе имаат во изобилие, а вие ќе бидете во скудност, тие вам да ви помогнат, па така да постои еднаквост меѓу нас. 15 Сетете се што пишува во Светото Писмо:
„На оној што собра многу
ништо не му преостана,
а на оној што собра малку,
сепак, му достаса[b].“
1) Апостол Павле препорачува хуманитарни работници
16 Му благодарам на Бог што во срцето на Тит ја стави истата грижа што јас ја чувствувам за вас.
За упорноста во молитвите
18 Потоа Исус им ја кажа следнава споредба, за да им покаже дека треба постојано да се молат и да не се обесхрабруваат.
2 „Во еден град имаше судија кој немаше ни страхопочит спрема Бог, ни срам од луѓето. 3 Во истиот град имаше и една вдовица, која честопати доаѓаше кај него и го молеше: ,Заштити ме од мојот противник!‘ 4 Судијата долго време не преземаше ништо, но најпосле си рече: ,Иако јас немам ни страхопочит спрема Бог, ни срам од луѓето, 5 сепак, заради упорноста на оваа жена ќе се заложам за неа, за да престане да доаѓа и да ми додева!‘“
6 Во продолжение, Господ рече: „Чувте ли што рекол неправедниот судија? 7 Зар нема и Бог да се заземе за Своите луѓе, кои Му се молат дење и ноќе!? Зар ќе задоцни со Својата помош? 8 Ве уверувам дека Тој брзо ќе се заземе за нив! Само, ќе најдам ли Јас, Синот Човечки, луѓе што ќе имаат вера кога ќе се вратам на Земјата?“
Copyright 1999 by HBC Radosna Vest