Book of Common Prayer
Непослушноста спрема Бог е погубна
12 Внимавајте, драги пријатели христијани! Не дозволувајте вашите срца да станат зли и да се исполнат со невера, па да отпаднете од Живиот Бог! 13 Напротив, секојдневно, охрабрувајте се еден со друг се додека има време кое може да се нарече ,денес‘, за да не бидете измамени од гревот и да станете нечувствителни.
14 Ако цврсто и докрај веруваме онака како што верувавме на почетокот, ќе имаме удел во се што Му припаѓа на Христос. 15 Не заборавајте го предупредувањето: „Ако денес го слушнете Божјиот глас, не стврднувајте ги вашите срца, како оние Израелци што кренаа бунт против Бога[a]“.
16 Кои беа тие луѓе што го слушнаа Божјиот глас, па се побунија против Него? Зар тоа не беа сите оние што излегоа од Египет под водството на Мојсеј? 17 Кои беа луѓето што го гневеа Бога четириесет години? Зар не беа тоа оние што згрешија, чии тела останаа во пустината? 18 Против кои луѓе Бог се заветува дека тие никогаш нема да влезат во местото на Неговото спокојство? Против оние што беа непослушни! 19 И така, гледаме дека не им беше дозволено да влезат во Неговото спокојство поради тоа што немаа вера.
Исус ја познава природата на човекот
23 Додека Исус беше во Ерусалим, за време на празникот Пасха, многумина поверуваа дека Тој е Месијата, гледајќи ги чудата што ги правеше. 24 Самиот Исус, пак, не им се доверуваше, затоа што Тој ги познаваше сите. 25 Немаше потреба некој да му кажува за луѓето, зашто Тој знаеше што се крие во нивните срца.
3 Меѓу фарисеите[a] имаше еден човек по име Никодим[b], кој беше еврејски верски старешина. 2 Тој дојде кај Исус ноќе и му рече: „Раби, знаеме дека Ти си учител дојден од Бог, зашто овие чуда што Ти ги правиш никој не може да ги прави, ако Бог не е со него!“
3 Исус му одговори: „Најсериозно ти велам: ако човек наново[c] не се роди, не може да го види Божјото царство!“
4 „Како може стар човек наново да се роди!?“ - праша Никодим. „Може ли да се врати во утробата на својата мајка и повторно да се роди!?“
5 Исус му одговори: „Ти велам и ти нагласувам: ако човек не се роди од вода и Дух, не може да влезе во Божјото царство!
6 Телото може да роди само тело, додека Светиот Дух раѓа нов, духовен живот, од небото. 7 Не чуди се што ти реков: ,Морате наново да се родите!‘ 8 Ветрот дува каде што сака. Звукот му го слушаш, но не знаеш од каде доаѓа и каде оди. Така е со секој што е роден од Духот.“
9 „Како може тоа да биде!?“ - праша Никодим.
10 Исус му рече: „Како можеш да му бидеш учител на израелскиот народ, а да не го знаеш тоа!? 11 Најсериозно ти велам: ние знаеме што зборуваме и сведочиме за она што сме го виделе, а вие нашето сведоштво не го примате. 12 Ако не Ми верувате кога ви зборувам за земни работи, како ќе Ми верувате ако ви зборувам за небесни работи!? 13 Никој не бил горе на небото, освен Синот Човечки[d], Кој слезе од небото. 14 Исто како што Мојсеј ја подигна бронзената змија во пустината[e], така ќе мора и Јас, Синот Човечки, да бидам подигнат. 15 Тогаш секој што ќе поверува во Мене, ќе се здобие со вечен живот.
Copyright 1999 by HBC Radosna Vest