Book of Common Prayer
Охрабрување за нашата вера
12 Околу нас има толку многу сведоци! Затоа ние треба да го отфрлиме сето бреме што не задржува на патот, а особено гревот, што толку лесно може да не заведе. Истрајно треба да ја трчаме трката која Бог ни ја определи. 2 Погледот треба да ни е вперен во Исус, зашто врз Него се темели нашата вера од почеток до крај. Тој го поднесе срамот кога беше распнат на крст, знаејќи дека Го очекува голема радост и сега седи на почесно[a] место, веднаш до Бог. 3 Помислете само низ што се помина Исус и какви навреди од грешниците истрпе! Затоа и вие не потклекнувајте и не дозволувајте да бидете обесхрабрени! 4 Зашто, во вашата досегашна борба против гревот, се уште никој од вас не настрадал до смрт! 5 Зарем ги заборавивте предупредувачките зборови што ви ги упати Бог како на Свои деца:
„Чеда Мои, сфатете ги сериозно Божјите казнувања
и не обесхрабрувајте се кога Тој ве укорува, зашто,
6 Господ ги казнува оние што ги сака,
и ги укорува оние што ги прифатил како Свои чеда[b].“
37 А во последниот и најважен ден од празникот, Исус застана и извика: „Кој е жеден, нека дојде кај Мене да пие! 38 Како што вели Светото Писмо[a]: „Реки животодавна вода ќе потечат од срцето на оној што верува во Мене!“ 39 (Исус ова го рече за Светиот Дух, Кого имаше намера да им Го даде на оние кои поверуваа во Него. Светиот Дух се уште не му беше даден никому, бидејќи Исус се уште не беше целосно прославен.)
Поделба меѓу луѓето
40 Кога народот го слушнаа ова, некои од нив рекоа: „Овој мора да е претскажаниот Пророк[b]!“
41 Други велеа: „Овој е Месијата!“ Но останатите говореа: „Зар од Галилеја ќе дојде Месијата!? 42 Зарем Светото Писмо не вели дека Месијата ќе дојде од поколението на Давид и од родниот град[c] на Давид?“ 43 Така настана поделба меѓу луѓето во однос на Исус. 44 Некои од нив сакаа да Го уапсат, но никој не посегна по Него.
Неверни верски водачи
45 Стражарите, пак, се вратија кај свештеничките поглавари и кај фарисеите, а тие ги запрашаа: „Зошто не Го уапсивте?“
46 „Никој никогаш не зборувал така како што зборува Овој Човек!“ - одговорија стражарите.
Copyright 1999 by HBC Radosna Vest