Book of Common Prayer
23 Пред да ни се објави верата во Христос, како начин да бидеме прифатливи за Бог, Законот не чуваше како затвореници, под свој надзор.
Божји деца преку вера
24 Така Законот ни беше воспитувач[a] што не водеше кон Христос, за да се помириме со Бог преку вера. 25 Сега кога ни се објави верата, веќе нема потреба Законот да ни биде воспитувач.
26 Сите стануваме Божји деца, преку вера во Исус Христос. 27 Сите што преку крштавање во името на Христос се идентификуваа со Него, станаа како Христос[b]. 28 Без разлика дали се работи за Евреин или за Грк[c], за роб или за слободен, за маж или за жена, сите што сте христијани сте еднакви пред Христос. 29 Ако Му припаѓате на Христос, тогаш вие сте вистинските потомци на Авраам и вие ќе го добиете она што Бог му го вети.
Расправија околу обичаите и традициите
(Мт. 15:1-9) 7 Околу Исус се насобраа неколку фарисеи и вероучители[a], дојдени од Ерусалим. 2 Тие забележаа дека Исусовите ученици не го практикуваат ритуалното миење на рацете пред јадење. 3 Имено, фарисеите, па и сите Евреи, држејќи се до преданијата од своите предци, не седнуваат да јадат додека ритуално не си ги измијат рацете до лактите; 4 кога се враќаат од пазар, не јадат додека ритуално не се измијат, а се држат и до многу други преданија, како што се ритуалното миење чаши, стомни и други садови.
5 Затоа, фарисеите и вероучителите Го прашаа Исуса: „Зошто Твоите следбеници не постапуваат според преданијата од старите и седнуваат да јадат без ритуално да си ги измијат рацете?“
6 Исус им одговори: „Лицемери! Убаво рекол за вас Бог, преку пророкот Исаија:
,Овој народ Ме почитува со устата,
но срцето му е далеку од Мене!
7 Се залажуваат дека Ме почитуваат, а всушност
ги шират своите човечки обичаи како да се Мои заповеди[b]!‘
8 Вие ги оставивте Божјите заповеди, а ги чувате човечките преданија! 9 Лукаво ги укинувате Божјите заповеди за да ги чувате своите преданија!
10 Зар Мојсеј не ви заповеда да ги исполнувате обврските спрема своите родители, и со смрт да го казните[c] оној што ќе ги проколне мајка си или татко си? 11 А вие ги учите луѓето дека е доволно да го ветат својот имот на црквата, како подарок[d] за Бог, 12 со што ќе се ослободат од обврската да се грижат за своите родители! 13 Значи, укинувате Божја заповед за да ги воведете своите преданија! И многу други вакви работи правите!“
Што навистина ги опоганува луѓето?
(Мт. 15:10-20) 14 Тогаш Исус повторно го повика народот кај Себе и му рече: „Слушајте Ме внимателно и со расудување! 15 Ниедна храна што ја јадете нема духовно да ве опогани, туку лошите зборови и постапки ве опогануваат!“ 16 [e]
17 Кога Исус се раздели од народот, влезе во една куќа, а Неговите ученици Го прашаа за значењето на споредбата. 18 А Тој им рече: „Зар и вие сe уште не разбирате? Зар не сфаќате дека храната што ја јадете духовно не ве опоганува, 19 зашто таа не влегува во срцето, туку во стомакот, и оттаму се исфрла!?“ Со ова Исус го одобри[f] секој вид храна. 20 Потоа продолжи: „Човекот духовно се опоганува од она што излегува од него. 21 Зашто, однатре, од човековото срце, излегуваат грешните мисли кои водат кон неморал, кражби, убиства, 22 брачни неверства, алчност, лошотија, измами, завист, навреди, горделивост и безумија. 23 Сите овие лоши работи излегуваат однатре и тие се што го опогануваат човекот.“
Copyright 1999 by HBC Radosna Vest