Book of Common Prayer
2) До прогонетата црква во Смирна
8 До гласникот[a] на црквата во Смирна, напиши го следново:
Ова ви го порачува Првиот и Последниот - Оној што умре и оживе:
9 Знам за вашите страдања и сиромаштија, но вие сте богати! Знам и за навредите што ви ги нанесуваат луѓе кои себеси се сметаат за Божји народ[b], а не се! Тие се сатанско собрание!
10 Не плашете се од страдањата што ве очекуваат. Наскоро, Ѓаволот некои од вас ќе искуша, фрлајќи ги в затвор. Ќе страдате „десетина дена“. Останете Ми верни дури и ако ве осудат на смрт и Јас ќе ве наградам со венецот[c] на животот!
11 Ако имате слух, послушајте го тоа што Божјиот Дух им го порачува на црквите!
3) До попустливата црква во Пергам
12 „До гласникот[d] на црквата во Пергам напиши го следново:
Ова ви го порачува Оној што држи двострано остар меч:
13 Знам дека живеете во престолнината на Сатаната! Знам и дека цврсто се држите до верата во Моето име. Таму, во жилиштето на Сатаната, вие не се откажавте од верата во Мене ни тогаш кога од вас го зедоа Мојот верен слуга Антипа и го убија.
14 Но имам неколку забелешки против вас: меѓу вас има следбеници на учењето на Балаам[e]. Тој беше оној што го подучи Балак да ги заведе Израелците да јадат месо жртвувано на идоли и да блудничат. 15 Некои од вас, пак, се следбеници на николаитите[f]. 16 Покајте се! Ако не, ќе дојдам кај вас и ќе војувам против тие луѓе со зборови[g] што ќе сечат како меч!
17 Ако имате слух, послушајте го тоа што Божјиот Дух им го порачува на црквите!
46 Тогаш Исус повторно отиде во Галилејска Кана, каде што ја беше претворил водата во вино. Таму имаше еден царски службеник, чиј син лежеше болен во градот Кафарнаум. 47 Штом слушна дека Исус дошол од Јудеја во Галилеја, службеникот отиде кај Него и Го молеше да дојде и да го исцели неговиот син, кој беше на умирање.
48 На тоа, Исус рече: „Никогаш не верувате, доколку не видите натприродни докази и чуда!“
49 „Господине!“ - Му рече царскиот службеник - „Дојди додека не ми умрело детето!“
50 „Оди си, твојот син ќе живее!“ - му рече Исус. Човекот им поверува на зборовите што му ги кажа Исус и си замина. 51 Додека си одеше дома го пречекаа неговите слуги и му кажаа дека детето е живо и дека се чувствува подобро. 52 Тогаш тој ги распраша, кога му станало подобро на детето. „Вчера, во еден[a] часот попладне му помина треската“ - му одговорија тие.
53 Тогаш таткото сфати дека токму во тоа време Исус му рече: „Твојот син ќе живее.“ Така тој и целото негово семејство поверуваа во Исус.
54 Ова беше второто чудо што Исус го направи во Галилеја, по враќањето од Јудеја.
Copyright 1999 by HBC Radosna Vest