Book of Common Prayer
ПИСМА ДО СЕДУМТЕ ЦРКВИ
1) До изладената црква во Ефес
2 До гласникот[a] на црквата во Ефес, напиши го следново:
Ова ви го порачува Оној што ги држи седумте ѕвезди во Својата десна рака и што оди меѓу седумте златни свеќници:
2 Познати Ми се вашите дела, труд и трпение. Знам дека не поднесувате зли луѓе. Кога некои луѓе се прикажувале за апостоли, а не биле, вие сте ги провериле и сте утврдиле дека тие се лажливци. 3 Непоколебливи и неуморни сте, иако имате претрпено многу заради Мене[b].
4 Но имам нешто против вас: Вие веќе немате таква љубов спрема Мене, каква што имавте на почетокот! 5 Присетете се кај бевте, а кај паднавте сега! Покајте се и постапувајте како на почетокот! Инаку, ако не се покаете, ќе дојдам кај вас и ќе ви го земам свеќникот! 6 Сепак, ова ви е добро: го мразите она што го прават николаитите[c], како што и Јас го мразам.
7 Ако имате слух, послушајте го тоа што Божјиот Дух им го порачува на црквите! На оние што ќе извојуваат победа, ќе им дадам да јадат од животодавното дрво што се наоѓа во Божјата градина[d].
Првото чудо на Исус
2 По три дена мајка Му на Исус беше на една свадба во градот Кана, во покраината Галилеја. 2 На свадбата беа поканети и Исус со Неговите ученици. 3 Кога виното се потроши, мајка Му на Исус Му рече: „Им снема вино!“
4 „Зошто ме вовлекуваш во ова[a], жено?“ - и одговори Исус. „Моето време[b] се уште не е дојдено!“
5 Тогаш мајка Му им рече на слугите: „Направете се што ќе ви каже!“
6 Таму имаше шест камени садови за вода, кои беа наменети за обредно миење, според еврејскиот обичај. Секој од нив собираше од 80 до 120 литри[c].
7 „Наполнете ги садовите со вода!“ - им рече Исус. Тие ги наполнија до врвот.
8 Потоа им рече: „Нацрпете сега и однесете му на шефот на послугата!“ Тие му однесоа. 9 Кога тој ја проба водата, што сега се беше претворила во вино, не знаејќи од каде е (само слугите кои нацрпија од водата знаеја), го повика младоженецот, 10 па му рече: „Секој човек го служи прво најдоброто вино, а кога ќе се заситат гостите, го служи полошото. Ти, пак, си го чувал најдоброто вино се до сега!“
11 Исус го направи ова во галилејското место Кана и тоа беше Неговото прво чудо[d], со кое Исус ја покажа Својата слава и Неговите ученици поверуваа во Него.
Copyright 1999 by HBC Radosna Vest