Book of Common Prayer
7 Прифаќајте се еден со друг, како што Христос ве прифати вас. Со тоа Бог ќе биде прославен. 8 Сакам да знаете дека Христос им стана слуга на Евреите за да го исполни ветувањето што Бог им го беше дал на нивните предци, 9 а исто така и сите други народи да Го прославуваат Бога заради Неговата милост, како што е напишано во Светото Писмо:
„Затоа ќе Ти донесам слава меѓу нееврејските народи,
ќе Му пеам славопои на Твоето име[a]!“
10 И на друго место вели:
„Радувајте се и вие што не сте Евреи,
заедно со Божјиот народ, Евреите[b]!“
11 И повторно:
„Славете Го Господа сите народи,
Него нека Го слават сите луѓе[c]!“
12 А Исаија вели:
„Ќе се појави потомок на Давид[d],
ќе им стане владетел на нееврејските народи,
кои својата надеж во Него ќе ја положат[e]!“
13 Сега Бог, изворот на надежта, нека ве исполни со радост и со мир заради вашата вера во Христос, а вашата надеж нека продолжи силно да расте и да се поткрепува од силата на Светиот Дух.
Copyright 1999 by HBC Radosna Vest