Book of Common Prayer
Бог е изворот на љубовта
7 Драги мои, треба да се сакаме еден со друг, бидејќи љубовта доаѓа од Бог. Секој што ги сака луѓето докажува дека е Божјо чедо и дека Го познава Бога. 8 Оној што не ги сака луѓето докажува дека не Го познава Бога, бидејќи Бог е љубов. 9 Бог ја докажа Својата голема љубов спрема нас, испраќајки Го на овој свет Својот единствен Син, за ние да добиеме вечен живот преку Него. 10 Тоа е вистинска љубов. Не дека ние го сакавме Бога, туку Бог нас не сакаше и Го даде Својот Син како помирителна жртва за нашите гревови.
11 Драги мои, штом Бог покажа толкава љубов спрема нас, и ние треба да се сакаме еден со друг.
12 Никој никогаш не Го видел Бога, но ако еден со друг се сакаме, покажуваме дека Бог живее во нас и Неговата љубов целосно ќе се искаже преку нас.
13 Бог ни го даде Својот Дух како доказ дека сме во Него, а Тој во нас. 14 Со свои очи видовме и им сведочиме на луѓето дека небесниот Татко Го испрати Синот, Исуса, да биде Спасител на светот.
15 Секој што го прифаќа Исуса како Божји Син, го има Бога во себе, а и тој е во Бога. 16 Сега знаеме колку многу Бог не сака и имаме доверба во Него.
Бог е љубов! Секој што ги сака луѓето е во единство со Бога, а и Бог е во него.
Дојдениот од небото
31 Најголем од сите е Оној што доаѓа одозгора. Оној што е од Земјата, пак, и припаѓа на Земјата и зборува за земни работи. Најголем од сите е Оној што доаѓа од небото. 32 Тој сведочи за она што го видел и слушнал, но малкумина го прифаќаат Неговото сведоштво. 33 Оној што го прифаќа Неговото сведоштво потврдува дека Бог е вистинит. 34 Зашто, Оној Кого Бог Го прати ги зборува Божјите зборови, затоа што Бог му дава Дух без мера. 35 Таткото Го сака Својот Син и Му предал се во Неговите раце. 36 Оној што верува во Синот има вечен живот; оној, пак, што му е непослушен[a] на Синот, не ќе види живот, туку останува под Божјата казна!
Copyright 1999 by HBC Radosna Vest