Book of Common Prayer
Настани што ќе му претходат на второто доаѓање
на Господ Исус: појавата на Антихристот
2 Нашиот Господ Исус Христос ќе се врати и ќе не прибере кај Себе. Затоа ве молам, драги пријатели христијани, 2 не дозволувајте лесно да ве поколебаат, ниту да ве вознемират луѓето што тврдат дека Господ веќе се вратил. Тие можеби ќе тврдат дека тоа го дознале преку духовна објава, дека слушнале од некој друг, или дека тоа го прочитале во некое од нашите писма. 3 Не дозволувајте да ве измамат! Тој ден нема да дојде пред луѓето масовно да отпаѓаат од верата и пред да се појави Човекот на гревот и уништувањето[a]. 4 Тој самиот себе ќе се возвишува и ќе се противставува на се што е Божјо и свето. Дури ќе се осмели да седне во Божјиот храм и да тврди дека тој е Бог. 5 Зарем не се сеќавате дека ви го зборував ова додека бев кај вас? 6 Вие знаете што е тоа што го спречува Злиот да се појави, се додека не дојде времето тој да настапи во јавноста.
7 Неговата зла сила веќе подмолно дејствува, но има некој што го задржува и така ќе биде се додека тој не му се тргне од патот. 8 Тогаш Човекот на гревот ќе се појави, а Господ Исус со Својот здив ќе го убие, ќе го уништи при Своето повторно доаѓање.
9 Тој зол човек ќе дојде за да ги изврши делата на Сатаната: со сета своја сила ќе покаже лажни[b] чудотворни знаци. 10 Со своите зли дела ќе успее да ги измами оние што одат по патот кој води во пропаст, зашто одбија да ја засакаат вистината и така да се спасат. 11 Затоа Бог им испраќа една толку уверлива измама, што ќе поверуваат во сите тие лаги. 12 Тогаш сите тие ќе бидат казнети, бидејќи, наместо да поверуваат во вистината, тие уживаа да прават зло.
СТРАДАЊАТА И СМРТТА НА ИСУС
Заговор против Исус
(Матеј 26:1-5; Марко 14:10:11) 22 Се приближуваше празникот на бесквасни лебови, познат како Пасха. 2 Свештеничките поглавари и вероучителите настојуваа да најдат начин да Го убијат Исуса, но се плашеа од бунт меѓу народот.
Јуда се согласува да Го предаде Исуса
(Матеј 26:14-16; Марко 14:10-11) 3 Тогаш Сатаната влезе во Јуда наречен Искариот, кој беше еден од дванаесеттемина Исусови ученици. 4 Тој отиде кај свештеничките поглавари и кај управителите на храмот да се договори како да им Го предаде Исуса. 5 Тие се израдуваа и му ветија дека ќе му платат за тоа. 6 Јуда се согласи и почна да бара погоден момент да им го предаде кога нема да има народ наоколу.
Подготовка на Пасхалната вечера
(Матеј 26:17-25; Марко 14:12-21; Јован 13:21-30) 7 Дојде денот на празникот Бесквасни лебови, кога за пасхалната вечера се колеа јагниња. 8 Исус ги испрати Петар и Јован со следниве упатства: „Одете и подгответе ја за нас пасхалната вечера.“ 9 А тие Го прашаа, каде сака да ја подготват вечерата? 10 Тој им одговори: „Кога ќе влезете во Ерусалим, ќе сретнете еден човек како носи стомна со вода. Следете го до куќата во која тој ќе влезе, 11 и кажете му на сопственикот на куќата: ,Учителот прашува каде е собата во која Тој со Своите ученици ќе ја прослави пасхалната вечера?‘ 12 Тој ќе ви покаже веќе наместена голема соба, на горниот кат; тука подгответе ја вечерата.“ 13 Тие отидоа и навистина најдоа сe како што им беше рекол Исус и ја приготвија пасхалната вечера.
Copyright 1999 by HBC Radosna Vest