Book of Common Prayer
Второ писмо од апостол Павле
до христијаните во
Солун
Авторство и поздрави
1 Од Павле, Силван и Тимотеј, до членовите на црквата во Солун, до оние што Му припаѓаат на Бог, нашиот Татко, и на Господ Исус Христос. 2 Ви посакуваме Бог, нашиот Татко, и Господ Исус Христос да ви бидат благонаклонети и да ви дадат мир.
Примерната вера на солунските христијани
3 Како што прилега, чувствуваме обврска да Му благодариме на Бог за вас, драги пријатели христијани, затоа што вашата вера и вашата љубов, еден спрема друг и спрема сите луѓе, постојано расте. 4 Се гордееме со вас пред сите Божји цркви. Им кажуваме колку сте непоколебливи, како вашата вера опстојува и покрај сите прогони и маки низ кои минувате. 5 Тоа покажува дека Бог правилно ве проценил и дека навистина сте достојни да го наследите Божјото царство, за кое и страдате. 6 Бог праведно ќе ги казни оние што ве угнетуваат и мачат, 7 а вам, кои страдате, ќе ви даде починка, како и на сите нас, кога Господ Исус ќе се појави од небото со Своите моќни ангели, 8 со распламтен оган, казнувајќи ги оние што не сакаат да Го признаат Богa и ја отфрлаат Радосната вест на нашиот Господ Исус. 9 Тие ќе бидат казнети со вечно уништување, отстранети од Божјото присуство и од Неговата величествена сила. 10 Ова ќе се случи кога Господ ќе се врати за да Му биде оддадена слава и чест од оние што се Негови, што веруваат во Него. Меѓу нив спаѓате и вие, затоа што поверувавте во она што ви го сведочевме.
11 Вас Бог ве одбра и ние постојано се молиме за вас, Бог да ве направи достојни за тој позив. Се молиме Бог да ви даде сила да ги извршите сите добри дела што посакувате да ги направите и што верата ви налага да ги правите. 12 Така, заради тоа што нашиот Бог и Господ Исус Христос беше толку благонаклонет[a] спрема вас, вие ќе му донесете слава на името на нашиот Господ Исус, а и Тој вам ќе ви донесе слава.
53 Потоа[a] тие се разотидоа, секој во својот дом.
Односот спрема жената фатена во прељуба
8 Потоа Исус отиде на Маслиновата Гора. 2 Следното утро, Тој повторно дојде во храмот. Сиот народ доаѓаше кај Него, а Тој, седејќи, ги поучуваше. 3 Вероучителите и фарисеите доведоа една жена што беше фатена во прељуба, па откако ја поставија насреде, 4 Му рекоа: „Учителе, оваа жена е фатена на дело како врши прељуба. 5 Во нашиот Закон Мојсеј заповедал таквите жени да бидат каменувани[b]. Што велиш Ти?“ 6 Тие Му го рекоа ова на Исус за да видат што ќе стори, надевајќи се дека ќе има за што да Го обвинат. Исус се наведна и почна со прстот да пишува по земјата. 7 Но бидејќи тие упорно Го прашуваа, Тој се исправи и им рече: „Тој што меѓу сите вас е без грев, прв нека фрли камен на неа!“ 8 Потоа повторно се наведна и продолжи да пишува по земјата.
9 Кога обвинителите го слушнаа тоа, еден по еден почнаа да си заминуваат, на чело со старешините, се додека не останаа само Исус и жената, која стоеше на средината. 10 Исус се исправи и ја праша: „Жено, каде се луѓето што те обвинуваа? Никој ли не те осуди?“
11 „Никој, Господине!“ - Му одговори таа. „Тогаш ни Јас не те осудувам; оди си и отсега не греши“ - и рече Исус.
Copyright 1999 by HBC Radosna Vest