Book of Common Prayer
7 Тогаш изби војна на небото: Михаел и ангелите под негова команда завојуваа против Змејот и неговите ангели. 8 Змејот беше поразен и тој и неговите ангели беа исфрлени од небото. 9 Големиот Змеј, старата Змија, што ги мами сите жители на Земјата, познат како Ѓавол и Сатана, беше фрлен на Земјата, заедно со неговите ангели.
10 Потоа чув глас од небото, кој рече:
„Сега дојде спасението и Царството на нашиот Бог
и власта на Неговиот Помазаник[a],
бидејќи тужителот на Божјите луѓе,
кој деноноќно ги обвинува пред нашиот Бог, е исфрлен!
11 Тие го победија преку крвта[b] на Јагнето и со вистината што ја проповедаа, за која храбро ги жртвуваа и сопствените животи.
12 Затоа, нека се весели небото со сите свои жители! А тешко си им на Земјата и на морето, бидејќи Ѓаволот е фрлен кај нив! Тој е силно разгневен, зашто знае дека му преостанува уште само малку време!“
13 Кога Змејот виде дека е исфрлен на Земјата почна да ја прогонува жената што го роди Синот. 14 Но на жената и беа дадени две крилја како на голем орел, за да може да се скрие во пустината. Таму таа се избави од Змијата и беше згрижена за време од три и пол години[c].
15 Тогаш Змијата од својата уста испушти млаз од вода како река, обидувајќи се да ја однесе жената со водената струја. 16 Но Земјата и притекна на помош на жената и ја голтна реката што излезе од устата на Змејот. 17 Поради тоа, Змејот се разгневи на жената. Тој тргна во војна против останатите нејзини потомци - против оние што ги извршуваат Божјите заповеди и што Му се верни на Исусовото дело и учење.
53 Додека Исус си заминуваше оттаму, вероучителите и фарисеите започнаа жестоко да Го критикуваат и да Му поставуваат секакви нападни прашања, 54 во обид да Го фатат на некој збор и да Го обвинат.
12 Кога се насобра многуброен народ, така што луѓето едни на други си ги газеа стапалата, Исус најпрво им се обрати на Своите ученици: „Пазете се од фарисејскиот квасец, односно, од нивното лицемерство! 2 Сe што е прикриено, ќе биде откриено и секоја тајна ќе биде јавно изнесена. 3 Сe што сте кажале во темнина, ќе излезе на виделина, и тоа што сте го шепотеле во собите, ќе се разгласува од покривите!“
Од кого да (не) се плашиме
(Матеј 10:28-31) 4 „Ви велам, пријатели мои: не плашете се од оние што можат да го убијат само телото, а потоа не можат ништо повеќе! 5 Да ви кажам од Кого треба да се плашите: плашете се од Бога, Кој, откако ќе убие, има моќ да ги фрли луѓето во пеколот! Ве уверувам дека од Него треба да се плашите!
6 Не се продаваат ли пет врапчиња за две парички? Сепак, ниту едно од нив не е заборавено од Бог! 7 А вам и влакната на главата ви се броени! Затоа, не плашете се - вие сте многу поскапоцени од јата врапчиња!“
Неопходно е јавно исповедање на верата во Христос
(Матеј 10:32-33; 12:32; 10:19-20) 8 „Ве уверувам дека, секој што овде на земјава јавно ќе се изјасни дека Ме прифаќа Мене, и Јас ќе се изјаснам дека го прифаќам него, во присуство на Божјите ангели! 9 Секој, пак, што овде на земјава ќе се откаже од Мене пред луѓето, ќе се откажам и Јас од него пред Божјите ангели.
10 На оној што Ме навредува Мене, Синот Човечки, може да му се прости, но на оној што Го навредува[a] Светиот Дух - нема да му биде простено!
11 Кога ќе ве приведат на сослушување во синагогите, пред управници и владетели, не грижете се за тоа како ќе се браните и што ќе зборувате, 12 зашто во тој час Светиот Дух ќе ве поучи што треба да кажете.“
Copyright 1999 by HBC Radosna Vest