Book of Common Prayer
15 Вие сте разумни луѓе и самите можете да расудите за ова што ќе ви го кажам. 16 Кога на Господовата вечера[a] пиеме од чашата над која молиме Божји благослов, не земаме ли учество во придобивките што произлегуваат од Христовата крв? Кога го кршиме лебот и го јадеме, не земаме ли учество во придобивките што произлегуваат од Христовото тело? 17 Со тоа што јадеме од еден ист леб покажуваме дека сите ние сме едно тело. 18 Погледнете ги Израелците како народ. Тие, јадејќи од жртвите принесени на еден ист жртвеник, покажуваат дека се еден народ[b].
19 Што сакам да кажам со ова? Дали идолите на кои паганите им принесуваат жртви се вистински богови и дали од тие жртви има некаква придобивка? 20 Се разбира, не! Она што тие го принесуваат како жртва им го принесуваат на демоните, а не на Бог, а јас не сакам вие да општите со демони. 21 Не може да пиете од чашата на Господ, а потоа и од чашата на демоните! Не може да седите на Господовата трпеза, а потоа и на демонската трпеза! 22 Зар ќе предизвикуваме љубомора[c] кај Господ? Зар сме ние посилни од Него?
23 Велите: „Имаме слобода да правиме што сакаме!“ Да, но не е се полезно! Иако имаме слобода да правиме што сакаме, не придонесува се за наше изградување! 24 Ниеден од нас не треба да ги гледа само своите интереси, туку да водиме сметка и за другите луѓе.
Ако ти згреши некој христијанин
(Лк. 17:3) 15 „Ако некој христијанин ти згреши, појди кај него и укажи му ја грешката насамо. Ако те послуша - повторно си го придобил како свој ближен[a]. 16 Ако не те послуша, појди кај него со уште еден или двајца сведоци, за да биде утврдена секоја изјава пред двајца или тројца сведоци[b]. 17 Ако тој и нив не ги послуша, тогаш изнеси ја целата работа пред црквата. Доколку тој и црквата не ја послуша, тогаш однесувај се спрема него како спрема неверник или како спрема собирач на данок[c].“
18 „Зашто, ве уверувам, дека, она што ќе го врзете на Земјата ќе остане врзано и на небесата, и она што ќе го разврзете на Земјата ќе биде разврзано и на небесата.
19 Исто така, ви го кажувам и ова: ако двајца од вас на Земјата сложно се молат за нешто, Мојот небесен Татко ќе им го исполни. 20 Зашто, каде што двајца или тројца ќе се здружат под Моето име, и Јас сум таму, меѓу нив.“
Copyright 1999 by HBC Radosna Vest