Book of Common Prayer
6) Пуштени двесте милиони коњаници
13 Шестиот ангел затруби и чув глас што проговори од четирите рогови на златниот жртвеник, поставен пред Бог. 14 Гласот му беше упатен на шестиот ангел со труба, и му рече: „Одврзи ги четирите ангели кои се врзани покрај големата река Еуфрат!“ 15 Овие четири ангели биле определени токму за овој час, ден, месец и година. Сега беа одврзани за да погубат една третина од вкупниот број жители на Земјата.
16 Го чув и бројот на нивната војска: тој изнесуваше двесте милиони коњаници! 17 Во моето видение ги видов коњите и коњаниците; околу градите коњаниците носеа огнено-црвени, темно-сини и жолти оклопи. Коњите имаа глави слични на лавовските, а од устите им излегуваа оган, дим и сулфур. 18 Една третина од жителите на Земјата загина од трите разурнувачки дејства на огнот, димот и сулфурот што излегуваа од устите на коњите. 19 Убиствената сила на коњите им беше во устите и во опашките. Опашките им беа како на змии и имаа глави со кои ги повредуваа луѓето.
20 Но луѓето што преживеаја низ сите овие страдања не се одвратија од своите злосторства, ниту пак престанаа да им се клањаат на демоните. Продолжуваа да боготворат идоли направени од злато, од сребро, од бронза, од камен или од дрво - идоли што ниту гледаат, ниту слушаат, ниту пак се движат. 21 Не престанаа ни со убиствата, ни со гатањата[a], ни со блудството, ниту пак со крадењето.
Во домот на Марта и Марија
38 Продолжувајќи го своето патување кон Ерусалим, Исус и Неговите ученици дојдоа во едно село каде што во својот дом ги пречека една жена по име Марта. 39 Таа имаше сестра, по име Марија, која седна до Исусовите нозе за да Ги слуша Неговите поуки. 40 Марта, пак, беше презафатена со послужување, па Му пријде на Исус и Му рече: „Господе, зар не Ти е жал што сестра ми ме остави да ја вршам целата работа сама!? Кажи и да дојде да ми помага!“ 41 А Господ и рече: „Марто, Марто! Прекумерно се грижиш и тревожиш за многу нешта, 42 а само едно е потребно! Марија го одбра најдоброто - она што ќе и остане трајно!“
Copyright 1999 by HBC Radosna Vest