Book of Common Prayer
9 Изгубивме многу време и повеќе не беше безбедно да се плови, зашто веќе беше поминал и Големиот есенски пост[a], па Павле ги советуваше одговорните на бродот: 10 „Луѓе, гледам дека пловидбата тешко ќе оди и ќе има големи опасности, не само за товарот и бродот, туку и за нашите животи.“ 11 Меѓутоа офицерот повеќе им веруваше на кормиларот и на сопственикот на бродот, отколку на она што го рече Павле. 12 Ова пристаниште не беше погодно за презимување, па мнозинството реши да отпловиме оттаму и да се обидеме да допловиме до Феникс, па да презимиме во тоа критско пристаниште, свртено и кон југозапад и кон северозапад.
1) Бура меѓу Крит и Малта
13 Кога дувна тивок јужен ветер, морнарите мислеа дека условите се поволни, па ја дигнаа котвата и запловија крај брегот на Крит. 14 Но по кратко време дувна против нас ветер со ураганска сила, наречен североисточник. 15 Зафатени од ветерот и не можејќи да пловиме наспроти него, кренавме раце и се препуштивме ветерот да не носи. 16 Кога поминавме во завет на едно островче наречено Кавда[b], одвај успеавме да го зачуваме чамецот за спасување, кој беше трескан од брановите. 17 Морнарите го качија горе и го врзаа со јажиња за бродот. Постоеше опасност да заринкаме на песочните наноси кај Сирт, па затоа ја спуштија котвата и го оставија бродот слободно да плови.
18 Следниот ден бурата толку силно не фрлаше наваму-натаму што морнарите почнаа да го исфрлаат товарот в море. 19 На третиот ден ја исфрлија и опремата на бродот, а и се што им дојде под раце. 20 Веќе долго време не се појавуваа ни сонцето, ниту ѕвездите, а бурата продолжуваше да беснее, така што конечно изгубивме секаква надеж дека ќе се спасиме.
21 Луѓето веќе долго време немаа апетит и не јадеа. Тогаш стана Павле и им рече: „Требаше да ме послушате и да не испловите од Крит. Така ќе се поштедевте од овие неволи и загуби. 22 Сега ве советувам да се држите храбро, зашто никој од вас нема да загине. Ќе биде уништен само бродот. 23 Минатата ноќ застана крај мене ангел пратен од Бога, Кому јас Му припаѓам и служам, 24 и ми рече: ,Не плаши се, Павле! Ти сигурно ќе стигнеш до императорот, а заради тебе, Бог ќе им ги поштеди животите и на сите што пловат со тебе.‘ 25 Затоа, луѓе, разведрете се! Јас верувам дека тоа што Бог ми го кажа ќе се оствари. 26 Ќе бидеме исфрлени на некој остров, но бродот ќе биде уништен.“
Испраќање на апостолите
(Матеј 10:5-15; Марко 6:7-13) 9 Еден ден, Исус ги повика Своите дванаесет ученици и им даде моќ, овластувајќи ги да истеруваат демонски духови и да исцелуваат болести. 2 Потоа ги испрати да проповедаат за Божјото царство и да исцелуваат болни, 3 давајќи им ги следниве упатства: „Ништо не понесувајте на пат: ни стап, ни торба, ни леб, ни пари, ниту облека за пресоблекување! 4 Кога ќе дојдете во некоја куќа каде што ќе ви укажат гостоприемство, останете таму сe додека не си заминете од тој крај. 5 Онаму каде што нема да ве примат, напуштете го тој град и истресете го правот од своите нозе, како сведоштво против нив.“
6 Учениците заминаа и обиколувајќи ги селата ја проповедаа Радосната вест и исцелуваа болни насекаде.
Ирод е збунет и исплашен
(Матеј 14:1-12; Марко 6:14-29) 7 Кога слушна за сето ова Ирод[a], гувернерот на областа Галилеја, се вознемири, зашто едни тврдеа дека Јован Крстител воскреснал од мртвите, 8 други, пак, дека се појавил пророкот Илија, а трети дека воскреснал некој од старите пророци. 9 Ирод говореше: „На Јован Крстител јас му ја отсеков главата; кој ли е човекот за кого слушам вакви необични работи!?“ И настојуваше да се види со Исуса.
Враќањето на апостолите
10 По извесно време, апостолите се вратија кај Исус и Му раскажаа за она што го беа направиле. Тогаш Тој ги поведе насамо, на едно тивко место, во околината на градот Бетцаида. 11 Но кога луѓето разбраа каде е, се упатија кон Него. Тој ги прими и им говореше за Божјото царство и ги исцелуваше сите оние на кои им требаше оздравување.
Исус нахранува над пет илјади души
(Матеј 14:13-21; Марко 6:30-44; Јован 6:1-14) 12 При квечерината, кај Исус дојдоа Неговите дванаесетмина ученици и Му рекоа: „Пушти ги луѓето да отидат до околните села и куќи и да си најдат преноќевалиште и храна, зашто местово е пусто.“ 13 Но Исус им рече: „Дајте им вие нешто да јадат.“ Тие Му одговорија: „Имаме само пет леба и две риби; освен ако сакаш да појдеме и да купиме храна за сите овие луѓе.“ 14 А имаше околу пет илјади мажи. Исус им рече на учениците: „Нека поседнат луѓето во групи од по педесет души.“ 15 Така и направија, ги испоседнаа сите луѓе. 16 Исус ги зеде петте леба и двете риби, и со поглед кон небото ги благослови и ги раскрши. Потоа им подаде на учениците да им ги разделат на луѓето. 17 Сите јадеа и се наситија, а собраа и дванаесет кошници остатоци.
Copyright 1999 by HBC Radosna Vest