Book of Common Prayer
Павле е уапсен во храмот
27 Токму кога седумте дена беа при крај група Евреи од покраината Азија го видоа Павле во храмот, го фатија, па поттикнаа бунт кај народот, 28 викајќи: „Израелци! Помагајте! Овој е човекот кој секаде каде што оди ги учи луѓето против нашиот народ, им кажува да не се придржуваат до еврејските верски закони и зборува против овој храм! Тој дури се осмели во храмот да доведе неевреи и така да го оскверни ова свето место!“ 29 (Тие претходно го беа виделе во градот ефешанецот Трофим во друштво со Павле и мислеа дека тој го довел и во храмот.)
30 Целиот град се крена на нозе. Се насобра многу народ, го фатија Павле, го извлекоа надвор од храмот и веднаш зад него ги затворија портите. 31 Кога се готвеа да го убијат, до командирот[a] на римскиот полк стигна веста дека целиот Ерусалим е на нога! 32 Тој веднаш повика војници и помлади офицери[b], па со трчање отидоа кај толпата. Кога ги видоа полковникот и војниците, престанаа да го тепаат Павле.
33 Полковникот го уапси Павле и нареди да го врзат со двојни синџири. Потоа праша кој е овој човек и каков прекршок сторил. 34 Едни од толпата викаа едно, други друго, па полковникот не можеше ништо да разбере. Затоа нареди да го одведат Павле во тврдината каде што беше сместена војската. 35 Кога дојдоа до скалите, толпата се однесуваше толку насилнички, што војниците мораа да го кренат Павле и да го носат, за да го заштитат. 36 Толпата продолжи да оди по нив и да вика: „Убијте го!“
Прашања за саботата
(Матеј 12:1-8; Марко 2:23-28) 6 Една сабота, кога Исус минуваше низ нивите, Неговите ученици кинеа клавчиња, ги триеја со раце и ги јадеа. 2 Некои од фарисеите ги прекорија, велејќи им: „Зошто го правите тоа што не е дозволено да се прави во сабота?“ 3 На ова, Исус им одговори: „Зар не сте читале што направија Давид и неговите придружници кога огладнеа, 4 и како тој влезе во Божјиот Дом, па тој и неговите луѓе јадеа од посветениот леб[a], од кој само свештениците смееја да јадат? 5 Јас, Синот Човечки[b], Сум Господар и над саботата“ - заклучи Исус.
Исус исцелува во сабота
(Матеј 12:9-14; Марко 3:1-6) 6 Една друга сабота, Исус влезе да поучува во синагогата[c]. Таму имаше еден човек со парализирана десна рака. 7 Вероучителите и фарисеите[d] Го набљудуваа со намера да Го обвинат, доколку изврши исцелување во сабота. 8 А Исус, знаејќи им ги мислите, му се обрати на човекот со парализираната рака: „Стани и застани пред сите!“ Тој стана и застана. 9 Тогаш Исус им рече: „Да ве прашам: што е дозволено да се прави во сабота: добро или лошо? Да се спасуваат животи, или да се уништуваат?“ 10 Потоа прошета со погледот од човек до човек и му се обрати на болниот: „Испружи ја раката!“ Тој го стори тоа и раката веднаш му оздраве. 11 А противниците збеснаа и почнаа да се договараат што да Му направат на Исус.
Copyright 1999 by HBC Radosna Vest