Print Page Options
Previous Prev Day Next DayNext

Book of Common Prayer

Daily Old and New Testament readings based on the Book of Common Prayer.
Duration: 861 days
Macedonian New Testament (MNT)
Version
Error: Book name not found: Ps for the version: Macedonian New Testament
Error: Book name not found: Ps for the version: Macedonian New Testament
Error: Book name not found: Ps for the version: Macedonian New Testament
Error: Book name not found: Esth for the version: Macedonian New Testament
Дела Ап 19:11-20

11 Бог преку Павле правеше многу необични чуда, 12 така што дури и кога врз болните ќе ставеа шамивче или дел од облека што се допрела до телото на Павле болестите исчезнуваа, а обземените се ослободуваа од демонските духови.

13 Неколку Евреи што патуваа од место во место и истеруваа демони, се обидоа над обземените од демонски духови да го употребат името на Господ Исус велејќи: „Во името на Исус, Оној за Кого Павле проповеда, ви наредуваме да излезете!“ 14 Тоа го правеа седумтемина синови на еврејскиот Првосвештеник Скева. 15 Но демонскиот дух им одговори: „Исус Го знам, а и Павле го знам, но вас не ве знам!“ 16 Па го натера човекот во кој беше влезен да се нафрли врз нив и да ги претепа, па тие голи и испоранети избегаа од куќата.

17 За ова дознаа сите што живееја во Ефес, и Евреи и Грци, па ги фати страв и искажуваа голема почит спрема името на Господ Исус. 18 Мнозина од оние што поверуваа доаѓаа и се исповедаа, признавајќи ги своите грешни дела. 19 Дури и некои од оние што се занимавале со магии ги донесуваа своите книги за магии и пред сите ги запалуваа. Цената на запалените книги изнесуваше педесет илјади сребреници[a]. 20 Така пораката за Господ брзо се ширеше и јакнеше[b].

Лука 4:14-30

Почеток на Христовата служба

(Матеј 4:12-17; Марко 1:14-15) 14 Тогаш Исус се врати во Галилеја, исполнет со силата на Светиот Дух. Набргу Тој стана познат по целиот крај. 15 Тој поучуваше по синагогите[a] и сите Го фалеа.

16 Потоа Исус се врати во Назарет, каде што беше пораснал и, како што имаше обичај, во саботата дојде во синагогата. Таму стана да чита од Светото Писмо. 17 Му ја подадоа книгата на пророкот Исаија, а Тој ја отвори на местото каде што е напишано[b] следново:

18 „Врз Мене почива Духот на Господ,

зашто Тој Ме назначи[c] да им ја донесам

Радосната вест на бедните,

19 да им навестам ослободување на заробените,

да им го вратам видот на слепите,

да ги ослободам угнетените,

да го прогласам времето на Господовата благонаклоност.“

20 Потоа ја затвори книгата, му ја врати на служителот и седна. Погледите на сите присутни во синагогата беа вперени во Него, 21 па Тој им се обрати: „Делот од Светото Писмо што го чувте, се исполни денес.“

22 Тој остави силен впечаток кај сите и тие се восхитуваа на љубезните зборови што излегуваа од Неговата уста, па се прашуваа: „Зар Овој не е синот на Јосиф?“ 23 Тој им рече: „Вие сигурно би ми ја цитирале поговорката: ,Докторе, исцели се самиот себе!‘, а потоа би барале од Мене да го направам и овде, каде што пораснав, она што сте слушнале дека го направив во Кафарнаум. 24 Но вистина е дека ниту еден пророк не добива признание во своето место на живеење.

25 Еве ја вистината: иако имаше многу гладни вдовици во Израел, во времето на пророкот Илија, кога три и пол години владееше суша по целата земја, 26 сепак, Илија не беше испратен кај ниедна од Израел, туку кај една вдовица во Царфат[d], во Сидонската земја. 27 Имаше и многу лепрозни во Израел, во времето на пророкот Елиша, но ниту еден од нив не беше исцелен, туку само Нааман, кој беше од Сирија.“

28 Кога присутните во синагогата го слушнаа тоа, многу се разлутија; 29 па станаа и Го исфрлија Исуса од градот и Го однесоа на врвот од ридот на кој се наоѓаше градот, со намера да Го турнат во бездна. 30 Но Тој успеа да се спровре низ толпата народ и си отиде.

Macedonian New Testament (MNT)

Copyright 1999 by HBC Radosna Vest