Book of Common Prayer
3) Павле проповеда во Солун
17 Потоа Павле и Сила поминаа низ градовите Амфиполис и Аполонија, па пристигнаа во Солун. Таму имаше еврејска синагога. 2 Како што обично правеше, Павле дојде кај нив и три саботи по ред им проповедаше од Светото Писмо, 3 објаснувајќи им и докажувајќи им дека беше неопходно Месијата да настрада и да воскресне од мртвите. Тој им рече: „Исус е Месијата. За Него ви проповедам.“ 4 Некои од нив поверуваа и им се приклучија на Павле и Сила, а пристапија и голем број побожни Грци и значителен број жени од високите кругови.
5 Евреите ги фати завист, па собраа од пазариштето неколку денгубници и тргнаа во толпа да го вознемируваат целиот град. Ја нападнаа куќата на Јасон и бараа да им ги изведат Павле и Сила пред толпата. 6 Откако не ги најдоа таму, го фатија Јасон, заедно со неколкумина други христијани и ги одвлекоа кај градските власти, па почнаа да викаат: „Тие што го вознемирија целиот свет сега пристигнаа и овде! 7 А Јасон ги прибира и сите тие ги кршат законите на римскиот император со тоа што тврдат дека постои друг цар - некојси Исус!“
8 Слушајќи го ова, народот и властите се вознемирија, 9 меѓутоа, откако зедоа од Јасон и од другите христијани пари во залог - ги ослободија.
4) Павле и Сила во Верија
10 Уште истата ноќ христијаните од Солун итно ги испратија Павле и Сила во градот Верија[a]. А тие, штом стигнаа во градот, влегоа во еврејската синагога. 11 Евреите од Верија беа многу поблагородни од оние во Солун и со одушевување го примаа она што им го проповедаше Павле. Секојдневно го проучуваа Светото Писмо, за да проверат дали она што тој им го проповеда е вистина. 12 Затоа многумина од тамошните Евреи поверуваа, а поверуваа и поголем број видни жени и мажи од Грците.
13 Кога Евреите од Солун дознаа дека Павле и во Верија ја проповеда Божјата порака, дојдоа да ги подбуцнуваат луѓето против Павле. 14 Тогаш христијаните веднаш го испратија Павле до морскиот брег, а Сила и Тимотеј останаа во Верија. 15 Неколку христијани го спроведоа Павле до Атина. Потоа Павле им рече да се вратат и да им пренесат на Сила и Тимотеј што е можно побрзо да дојдат и тие.
36 Верувајте во Светлината, додека ја имате меѓу вас, за да станете деца на Светлината.“ Исус го изговори ова, па си замина и се скри од нив.
Неверството на еврејскиот народ
37 Иако Исус направи толку големи чуда пред Евреите, најголемиот дел од нив, сепак не поверуваа во Него, 38 за да се исполни пророштвото изречено од пророкот Исаија: „Господе, кој и поверува на нашата порака? На кого да му се објави спасоносната сила Господова[a]?“
39 Тие не можеа да поверуваат, зашто Исаија го рекол и следното[b]:
40„Бог им ги ослепе очите и
им го закорави умот на овие луѓе,
за да не гледаат со очите,
и да не разберат со умот,
та да се обратат и Јас да ги излекувам.“
41 Исаија го кажа ова затоа што ја виде Христовата слава и зборуваше за Него.
42 Па, иако многумина од старешините поверуваа во Исус, сепак, поради фарисеите криеја, за да не бидат исклучени од синагогата[c]. 43 Тие повеќе сакаа да добијат пофалба од луѓето, отколку од Бог.
Copyright 1999 by HBC Radosna Vest