Book of Common Prayer
Павле се свртува кон неевреите
44 Следната сабота речиси целиот град се собра да ја слуша пораката Господова. 45 Кога еврејските челници видоа колку многу народ се насобра, се исполнија со завист. Почнаа да го навредуваат Павле и да му се противат на се што ќе речеше.
46 Но Павле и Барнаба, решително и смело им рекоа: „Нормално беше Божјото Слово да ви се проповеда прво вам, на Евреите. Но вие го одбивате и покажувате дека не сте достојни за вечен живот; затоа сега ние се свртуваме кон другите народи. 47 Самиот Господ вака ни нареди:
,Ве поставувам да им бидете светлина на нееврејските народи,
да го однесете спасението до краевите на Земјата[a]!‘“
48 Слушајќи го ова, луѓето од нееврејско потекло се радуваа и Му благодареа на Господ за она што го слушаа. Тогаш сите што беа предодредени за вечен живот, поверуваа. 49 Така пораката Господова се ширеше низ целата област.
50 Тогаш еврејските челници ги подбуцнаа поистакнатите религиозни жени и градските водачи, кои се кренаа против Павле и Барнаба и ги истераа од нивната област. 51 Павле и Барнаба ја истресоа правта од стапалата[b] и отидоа во градот Иконија, 52 а христијаните беа полни со радост и со Светиот Дух.
19 Заради овие зборови на Исус, повторно се појави раздор меѓу еврејските верски водачи. 20 Многумина од нив велеа: „Обземен е од демон! Полудел! Зошто Го слушате!?“
21 Други, пак, велеа: „Овие зборови не се зборови на човек обземен од демон! Може ли човек што е обземен од демон да им ги отвора очите на слепи луѓе!?“
Исус е отфрлен
22 Беше зима и во Ерусалим се славеше празникот Ханука[a]. 23 Исус се шеташе во храмот, под Соломоновиот трем. 24 Еврејските верски водачи се насобраа околу Него и Го прашаа: „До кога ќе не држиш во неизвесност? Ако си Ти Месијата, кажи ни отворено!“
25 Исус им одговори: „Јас ви кажав, но вие не верувате. Делата[b], што ги вршам во името на Мојот небесен Татко, покажуваат кој сум Јас. 26 И покрај тоа, вие не верувате, зашто не сте од Моите овци[c]. 27 Моите овци го познаваат Мојот глас. Јас ги познавам, а тие Ме следат. 28 Јас им давам вечен живот и тие никогаш нема да згинат. Никој не може да ги грабне од Мојата рака. 29 Мојот Татко, Кој Ми ги даде, е посилен од сите[d]. Никој не може да ги грабне од раката на Мојот Татко. 30 Јас и небесниот Татко сме едно.“
Copyright 1999 by HBC Radosna Vest