Book of Common Prayer
18 Кога се раздени, настана паника меѓу војниците. Не знаеја што се случило со Петар! 19 Ирод испрати потера, но не го најде. Ги испрашуваше и стражарите, но безуспешно, па нареди да ги погубат.
Потоа Ирод ја напушти Јудеја и привремено се пресели во Цезареја.
Смртта на Ирод Агрипа
20 Ирод беше во многу лоши односи со граѓаните на Тир и Сидон. Тие се здружија, испратија кај него делегација. Го поткупија Бласт, кој му беше собар, и побараа да склучат мир, бидејќи нивната земја добиваше храна од земјата на царот Ирод.
21 На договорениот ден, Ирод се облече во царска облека, седна на престолот, и му одржа говор на насобраниот народ. 22 Народот одушевено викаше: „Ова е глас на бог, а не на човек!“
23 Во истиот миг ангел Господов го удри со болест, зашто не Му оддаде слава на Бог. Во неговото тело се развија црви од што тој набргу умре.
24 А Божјата порака се пошироко се проповедаше и бројот на христијаните растеше.
25 Откако ја завршија мисијата во Ерусалим, Барнаба и Савле се вратија во Антиохија. Со себе го зедоа Јована, со прекар Марко.
47 Оној што е од Бога, ги слуша Божјите зборови, а вие не сте од Бога и затоа не сакате да слушате.“
Вечното потекло на Исус
48 Еврејските верски водачи Му рекоа на Исуса: „Зар не сме во право кога велиме дека Ти си Самарјанец[a] и дека си обземен од демон!?“
49 Исус им одговори: „Јас немам демон во Себе, зашто Го почитувам Мојот небесен Татко, а вие Ме срамотите. 50 Иако, Јас не барам слава за Себе, Бог бара да Ме почитувате и Тој ќе суди за тоа. 51 Ве уверувам дека тој што се држи до Моето учење, никогаш нема да умре!“
52 Еврејските верски водачи Му рекоа: „Сега сме уверени дека си обземен од демон! Авраам умре и пророците умреа, а Ти велиш: ,Тој што се држи до Моето учење, никогаш нема да умре!‘ 53 Зар си Ти поголем од нашиот татко Авраам, кој сепак умре!? А и пророците умреа. Што се замислуваш Ти!?“
54 Исус им одговори: „Ако Јас самиот си придавам чест, Мојата слава е ништожна. Мојот Татко е Тој што Ме прославува - Оној, за Кого вие велите дека е ваш Бог, 55 а никогаш не сте Го познавале. Јас, пак, Го знам. Кога би рекол дека не Го знам, би бил лажливец како вас. Но Јас Го знам и го извршувам тоа што Тој ќе го каже. 56 Вашиот прататко Авраам се радуваше во очекувањето да го види денот на Моето доаѓање; тој го виде и беше пресреќен.“
57 „Како си можел да го видиш Авраам[b], кога немаш ни педесет години!?“ - Му рекоа еврејските верски водачи.
58 Исус им одговори: „Ве уверувам дека уште пред да се роди Авраам, ЈАС СУМ[c]!“ 59 Тогаш тие зедоа камења за да фрлаат по Него, но Исус се скри и го напушти храмот.
Copyright 1999 by HBC Radosna Vest