Book of Common Prayer
Савле проповеда во Дамаск
19 Откако се најаде, му се врати силата. Савле остана неколку дена со христијаните во Дамаск. 20 Веднаш почна во синагогите да проповеда дека Исус е Божјиот Син.
21 Сите што го слушаа беа вчудовидени и велеа: „Не ли е овој истиот човек што во Ерусалим ги убиваше следбениците на Исус? Зар не дојде и овде со истата цел: да ги уапси Исусовите следбеници и во пранги да ги одведе кај Првосвештениците?“
22 Но Савле толку уверливо докажуваше дека Исус е Месијата, што Евреите кои беа во Дамаск беа целосно збунети и не можеа да му се противстават.
23 По долго време, Евреите сковаа заговор да го убијат, 24 но на Савле му беше јавено дека Евреите стражарат покрај градските порти и дење и ноќе, за да го фатат и да го убијат. 25 Затоа христијаните во текот на ноќта го префрлија преку ѕидините, спуштајќи го во кош[a].
Савле проповеда во Ерусалим
26 Од Дамаск, Савле отпатува за Ерусалим, каде што се обиде да се поврзе со тамошните христијани, но тие се плашеа од него и не веруваа дека и тој навистина станал христијанин. 27 Тогаш Барнаба го доведе кај апостолите и им раскажа како Савле на патот се сретнал со Господ и зборувал со Него, па како во Дамаск смело проповедал за Исус. 28 Тогаш апостолите го прифатија. Савле остана извесно време со нив, движејќи се во Ерусалим и околината, смело проповедајќи за Господ. 29 Се расправаше и со некои елинизирани Евреи, но тие се обидуваа да го убијат. 30 Кога дознаа за ова, христијаните го одведоа во Цезареја, и оттаму го испратија за Тарс.
31 Тогаш низ цела Јудеја, Галилеја и Самарија, за Црквата настапи период на мир и растеж. Живеејќи со страхопочит спрема Господ и имајќи поткрепа од Светиот Дух, бројот на христијаните постојано се зголемуваше.
52 Тогаш Евреите почнаа одново да се препираат помеѓу себе, велејќи: „Како може Овој да ни го даде Своето тело да се храниме со Него!?“
53 Исус, пак, им рече: „Ве уверувам дека, доколку не се храните од телото на Синот Човечки и не се напојувате од Неговата крв - ќе немате живот во себе! 54 Оној што се храни[a] од Моето тело и се напојува од Мојата крв, има вечен живот и на крајот, Јас ќе го воскреснам. 55 Моето тело е вистинска[b] храна и Мојата крв е вистинска напивка. 56 Кој се храни[c] од Моето тело и се напојува од Мојата крв, живее во Мене и Јас во него.
57 Мене Ме испрати живиот Татко, и како што причина за Моето живеење е Таткото, така и оној што се храни од Мене ќе живее заради Мене. 58 Лебот што слезе од небото не е како лебот што вашите предци го јадеа, а потоа умреа; тој што го јаде овој Леб - ќе живее вечно!“ 59 Исус ги изрече овие зборови додека поучуваше во синагогата, во градот Кафарнаум.
Copyright 1999 by HBC Radosna Vest