Book of Common Prayer
44 Додека патуваа низ пустината, нашите предци го носеа заветниот шатор[a]. Така им заповеда Бог. Тој му рече на Мојсеј да го направи според моделот што му го беше покажал‘ 45 Многу години подоцна, под водство на Јошуа[b] го донесоа во земјата што ја одзедоа од паганските народи, кои Бог ги истера пред нив. Таму остана се до времето на царот Давид.
46 Бог му беше благонаклонет на Давид и затоа Давид се осмели да побара од Бог дозвола да најде место каде што ќе изгради храм во кој Израелците ќе Му служат на својот Бог[c]. 47 Сепак, Божјиот храм го изгради Соломон.
48 Но Севишниот не живее во градби направени од човечка рака. Како што самиот Бог вели преку пророкот Исаија:
49 ,Небото Ми е престол,
а Земјата - подножје на Моите нозе.
Каков дом ќе Ми направите вие?‘ - вели Господ -
,Какво место ќе Ми најдете за Мое живеалиште?
50 Зарем не е се со Мојата рака создадено[d]?‘
51 Вие сте тврдоглав народ! Длабоко во себе вие сте како паганите! Глуви сте за вистината[e]! И вие, како и вашите предци, постојано Му се противите на Светиот Дух. 52 Посочете ми еден пророк што не беше прогонуван од вашите предци! Тие ги убија пророците што го претскажаа доаѓањето на Праведникот, на Месијата, а кога Тој дојде, вие се свртевте против Него, Го предадовте и Го убивте. 53 Ангели ви го пренесоа Божјиот Закон и пак не го почитувате!“
Каменувањето на Стефан
54 Кога еврејските верски и национални водачи го слушнаа ова, зовреа од бес и почнаа да крцкаат со забите против Стефан. 55 А тој, исполнет со Светиот Дух, и со вперен поглед кон небото каде што ја виде Божјата слава, и Го виде Исуса како стои од десната страна на Бог, 56 рече: „Погледнете, ги гледам небесата отворени и Синот Човечки како стои од десната страна на Бог!“
57 Тогаш Евреите си ги затнаа ушите, и со силна викотница се нафрлија врз Стефан. 58 Го извлекоа надвор од градот и го каменуваа. Оние што сведочеа против Стефан ги соблекоа своите горни облеки и ги оставија кај едно момче по име Савле[f], да им ги причува.
59 Додека го каменуваа, Стефан гласно му се молеше на Бог, велејќи: „Господе Исусе, прими го мојот дух.“ 60 Потоа падна на колена и силно извика: „Господе, не земај им го ова за грев!“ Го рече ова и почина.
Савле ја прогонува Црквата
8 Савле го одобруваше убиството на Стефан.
Од тој ден почна големо прогонство против Црквата во Ерусалим, па сите христијани, со исклучок на апостолите, се раштркаа по јудејските области и по Самарија.
Овластувањата што ги има Исус
19 Во одговор, Исус им рече: „Ве уверувам дека Синот не може да прави ништо сам од Себе; Тој го прави само она што го гледа кај Татка си. Тоа што го прави Таткото, го прави и Синот. 20 Зашто, Таткото Го сака Синот и Му покажува се што прави. Тој преку Синот ќе покаже и поголеми дела од ова исцелување, за вие да се чудите. 21 Зашто, како што Таткото ги подига мртвите и ги оживува, исто така и Синот оживува кого сака. 22 Зашто Таткото не суди никого, туку сето право да суди Му Го предаде на Синот, 23 за сите да Го почитуваат Синот, исто како што Го почитуваат Таткото. Оној што не Го почитува Синот, не Го почитува ни Таткото, Кој Го испрати.
24 Ве уверувам дека секој што ја слуша Мојата порака и верува во Бога, Кој Ме испрати, има вечен живот и нема да биде осуден за своите гревови, зашто таквиот веќе преминал од смрт во живот. 25 Ве уверувам дека доаѓа време, и веќе е дојдено, кога мртвите ќе го слушнат Мојот глас - гласот на Божјиот Син. Оние што Му биле послушни - ќе живеат! 26 Зашто, како што Таткото е извор на живот, така Му даде и на Синот да биде извор на живот. 27 Тој Му даде на Синот и право да суди, затоа што Тој е Синот Човечки[a].
28 Не чудете се на ова, зашто доаѓа часот кога сите покојници ќе го слушнат гласот на Божјиот Син 29 и ќе излезат од гробовите: оние што правеле добро - ќе воскреснат за да живеат вечно, а оние што вршеле зло - ќе воскреснат за да бидат осудени на вечна казна!
Copyright 1999 by HBC Radosna Vest