Book of Common Prayer
30 Откако поминаа четириесет години, во пустината, близу до планината Синај, му се појави ангел во пламенот на една запалена грмушка. 31 Кога Мојсеј го виде ова, се зачуди и појде таму за да види одблизу. Тогаш го чу гласот Господов кој му рече: 32 ,Јас сум Богот на твоите татковци: Богот на Авраам, на Исак и на Јаков[a]!‘ Мојсеј се стресе од страв и не се осмели да погледне.
33 Потоа Господ му рече: ,Собуј ги сандалите, зашто стоиш на свето место! 34 Видов како Мојот народ е измачуван во Египет и стенкањето негово го чув. Еве, доаѓам да го ослободам. Сега, оди во Египет[b], како Мој пратеник!‘
35 Оној Мојсеј, кого луѓето го отфрлија, велејќи му: ,Кој те поставил да ни бидеш владетел и судија!?‘ - Бог го испрати преку ангелот што му се појави во запалената грмушка, да им биде водач и ослободител. 36 Правејќи многу чуда и видливи докази, тој ги изведе од Египет, ги преведе преку Црвеното Море[c] и ги водеше низ пустината цели четириесет години.
37 Самиот Мојсеј му рече на израелскиот народ: ,Бог ќе ви издигне Пророк од вашите редови, како што сум јас[d].‘ 38 Тој беше заедно со целиот Божји народ во пустината. Посредуваше меѓу ангелот што му зборуваше на планината Синај и нашите татковци. Притоа, тој прими зборови од животно значење и ни ги пренесе нам.
39 Но нашите предци не го послушаа, туку го отфрлија и посакаа да се вратат во Египет, по кој им беа прираснале срцата. 40 Му рекоа на Арон: ,Направи ни богови што ќе не водат, зашто не знаеме што се случи со Мојсеј, кој не изведе од Египет[e].‘ 41 Така си направија од злато идол во форма на теле и му принесоа жртва, восхитени од својата ракотворба. 42 Тогаш Бог им сврте грб и ги остави да им служат на Сонцето, Месечината и ѕвездите[f], како да им се богови, токму онака како што е запишано во книгата на пророците:
,Народе израелски!
Дали Мене Ми принесувавте жртви и приноси
додека патувавте низ пустината,
цели четириесет години, доме Израелов?
43 Не, туку си направивте идоли,
за да им се поклонувате:
Со себе ги носевте шаторот
- светилиште посветено на богот Молех и
ѕвездата на богот Реифан!
Затоа ќе ве предадам во ропство,
и ќе ве одведат во далечниот Вавилон[g]!‘
Исцелување на долгогодишен инвалид
5 По овие случки, по повод еден еврејски празник, Исус се врати во Ерусалим. 2 А во Ерусалим, покрај Овчата порта, има една бања со пет тремови, која на хебрејски се вика Бетзата[a]. 3 Под тремовите лежеа многу болни: слепи, сакати и парализирани[b]. 5 Таму имаше еден човек, кој боледуваше веќе триесет и осум години. 6 Исус го виде како лежи и знаејќи дека веќе долго време боледува, му рече: „Сакаш ли да оздравиш?“
7 „Господине“, - Му одговори болниот - „нема кој да ме спушти во бањата кога ќе се разбранува водата. Додека јас да втасам - друг слегува пред мене!“.
8 „Стани, земи си ја постилката и оди си, зашто Јас те исцелив!“ - му рече Исус. 9 Човекот веднаш оздраве, си ја зеде постилката и почна да оди. Но тој ден беше сабота[c], 10 па затоа еврејските верски водачи му рекоа на исцелениот: „Сабота е! Забрането е да ја носиш постилката!“ 11 Тој им одговори: „Човекот што ме исцели, ми рече: ,Земи си ја постилката и оди!‘“
12 „Кој е тој човек што ти го рекол тоа?“ - го прашаа тие.
13 Излекуваниот, пак, не знаеше Кој е тој човек, затоа што Исус се беше повлекол[d] од толпата народ што беше на тоа место.
14 Подоцна, Исус го сретна во храмот и му рече: „Сега оздраве; не греши повеќе, за да не те снајде нешто уште полошо!“ 15 Човекот си замина и им кажа на еврејските верски водачи дека Оној што го исцели е Исус.
16 Поради ова, еврејските верски водачи почнаа да Го прогонуваат Исуса, зашто вакви работи правеше во саботите. 17 Но Исус им одговори: „Мојот небесен Татко не престанува да работи, па и Јас работам.“ 18 Заради ова, еврејските верски водачи уште поцврсто беа решени да Го убијат, зашто Тој не само што ја прекршуваше уредбата за саботата, туку и Бога Го нарекуваше Свој Татко[e], изедначувајќи се така со Бог.
Copyright 1999 by HBC Radosna Vest