Book of Common Prayer
37 Ова што го слушнаа до срце ги прободе, па им рекоа на Петар и на другите апостоли: „Луѓе, браќа, што да правиме?“
38 Петар им одговори: „Секој од вас треба да се покае за своите гревови, и да се крсти во името на Исус Христос, за да ви бидат простени гревовите. Потоа ќе ви биде подарен Светиот Дух, а со Него и духовни дарби. 39 Ветувањето што Бог му го даде на Давид се однесува на вас, на вашите деца, како и на неевреите[a], и на сите што Господ, нашиот Бог, ќе ги повика.“
40 Со овие, и со многу други зборови Петар им проповедаше и ги повикуваше: „Спасете се од ова расипано поколение!“
41 Во тој ден околу три илјади души искрено ги прифатија неговите зборови, па се крстија и се приклучија кон христијаните. 42 Тие се посветија на учење од апостолите, на заедничките собири, на редовно учество на Господовата вечера[b] и на молитви.
Првите христијански заедници
43 Кај народот се појави страв, зашто апостолите правеа многу чуда и видливи докази. 44 Сите христијани се здружија и се што имаа им беше заедничко. 45 Ги продаваа своите имоти и наследства и на секого му даваа според неговите потреби. 46 Секој ден се собираа во храмот, сложни и посветени. Организираа Господова вечера по домовите и секој ја делеше својата храна со другите, радосно и со чисто срце. 47 Го славеа Бога и беа омилени кај сите луѓе. А Господ секојдневно им придодаваше новоспасени души.
Евангелието според
Јован
Вечниот Збор
- Христос 1 Уште на почетокот постоеше Зборот. Зборот беше со Бог и Зборот беше Бог. 2 Од самиот почеток, Зборот беше со Бог.
3 Се што постои беше создадено преку Зборот. Не постои ништо создадено, кое не беше создадено преку Зборот! 4 И самиот живот беше во Зборот, и Тој живот им дава светлина на луѓето. 5 Оваа Светлина свети во темнината, и темнината никогаш не може да ја изгаси.
6 Се појави еден човек, по име Јован Крстител, кој беше испратен од Бог. 7 Тој дојде како сведок, за да им каже на сите за Светлината и да ги упати луѓето во верата. 8 Јован не беше Светлината; тој беше само сведок за Светлината. 9 Вистинската Светлина, која го осветлува секој човек, стапуваше на светската сцена.
10 Иако Зборот беше во светот и светот беше преку Него создаден, светот не Го позна. 11 Кај Своите дојде, но тие не Го прифатија. 12 А на сите што Го прифатија - на оние што поверуваа во Него[a] - им даде право да станат Божји чеда. 13 Тие се нановородени, но овојпат не физички, не од телесна похота, или пак од волјата на маж, туку се родени од Бог.
14 Зборот стана човек и живееше меѓу нас. Ние ја видовме Неговата слава - славата што Тој ја прими како Единороден Син од небесниот Татко. Тој беше полн со љубов и искреност.[b]
15 Јован посведочуваше за Него и викаше, велејќи: „Ова е Оној за Кого реков: ,По мене доаѓа еден Човек, Кој е поголем од мене, зашто Тој постоеше уште пред да се родам јас!‘“ 16 Од Неговата полнота сите ние примивме благослов врз благослов, 17 зашто Законот беше даден преку Мојсеј, а Исус Христос ни ги донесе љубовта и вистината[c]. 18 Никој, никогаш не Го видел Бога; но имаме објава за Него, преку Единородниот Син - Кој е Бог, и Кој произлегува[d] од Таткото.
Copyright 1999 by HBC Radosna Vest