Book of Common Prayer
22 Израелци, слушнете ги овие зборови: Бог јавно го поддржа Исуса од Назарет, со тоа што преку Него изврши многу чуда, несекојдневни работи и чудотворни докази. Тоа и самите добро го знаете. 23 Но се случи онака како што беше определено и предвидено од сезнајниот Бог: вие Го предадовте Исуса и со помош на еден паганин[a], Го распнавте на крст и Го убивте. 24 Но Бог Го воскресна, ослободувајќи Го од смртта која очајнички настојуваше да Го задржи, но не можеше. 25 За Него, Давид вели:
‚Знам дека Господ е постојано со мене,
Тој ми е оддесно -
нема да потклекнам!
26 Поради тоа срцето ми е весело,
и душата ми се радува;
а и телото во надеж ќе ми почива,
27 зашто Ти во гробот нема да ме оставиш,
ниту ќе дозволиш
Твојот Светец да доживее распаѓање.
28 Ти ми го објави патот на животот,
Твоето присуство ќе ме исполни[b] со радост.‘
29 Луѓе, браќа, јасно е дека нашиот прататко Давид овде не зборува за себе, зашто тој умре, беше погребан и неговиот гроб е тука, меѓу нас, се до денешен ден. 30 Но бидејќи беше пророк и знаеше дека Бог му се беше заколнал оти потомок од неговите бедра ќе седи на неговиот престол, 31 претскажувајќи за тоа, тој зборуваше за воскреснувањето на Христос[c], Кој, ниту беше оставен во гробот, ниту Неговото тело доживеа распаѓање.
32 Бог Го воскресна Исуса и сите ние сме сведоци за тоа. 33 Откако беше вознесен и поставен од десната страна на Бог, и откако го прими Светиот Дух што Му беше ветен од небесниот Татко, Го излеа врз нас, како што вие сега гледате и слушате. 34 Зашто, самиот Давид не се вознесе на небото, а сепак рече:
„Му рече Јахве на мојот Господ:
,Седни на почесното место, од Мојата десна страна,
35 додека не ги претворам Твоите непријатели
во чергиче што ќе го газат стапалата Твои[d]!‘“
36 Затоа нека знаат сите Израелци и нека бидат уверени дека Исус, Кого вие Го распнавте, Бог Го направи Господ и Месија[e]!“
Исказите на стражарите
11 Додека жените одеа кон градот, некои од стражарите што го чуваа гробот веќе отидоа во градот и им раскажаа на свештеничките поглавари за сето ова што се случи. 12 Тогаш свештеничките поглавари се состанаа со народните старешини и решија да ги подмитат стражарите со голема сума пари. 13 Им рекоа вака: „Ќе кажувате дека Исусовите ученици дошле ноќе додека вие сте спиеле и го украле Неговото тело! 14 Ако за ова чуе гувернерот, ние ќе се погрижиме да нема непријатности за вас.“ 15 Стражарите ги зедоа парите и постапија онака како што им беше кажано. За ова меѓу Јудејците се раскажува до ден-денес.
Исус им задава мисија на Своите следбеници
(Мк. 16:14-18; Лк. 24:36-49; Јвн. 20:19-23; Дела 1:6-8) 16 Единаесеттемина Исусови ученици отидоа во Галилеја, на гората на којашто Исус им закажа средба. 17 Кога Го видоа, тие Му се поклонија, иако некои од нив останаа неуверени. 18 Приближувајќи им се, Исус им рече:
„Ми се даде целата власт, на небото и на Земјата.
19 Одете меѓу сите народи и создадете од нив Мои ученици;
крштавајте ги во името на Таткото, Синот и Светиот Дух;
20 Учете ги новите следбеници да го извршуваат сето она што вам ви го заповедав.“
Copyright 1999 by HBC Radosna Vest