Book of Common Prayer
Избран заменик на Јуда Искариот
15 По неколку дена се собраа околу сто и дваесет Христови следбеници. Петар стана и им се обрати: 16 „Драги пријатели христијани! Уште пред неколку столетија, Светиот Дух ја претскажа судбината на Јуда Искариот, преку зборовите искажани од царот Давид, запишани во Светото Писмо. Значи, тоа што се случи со Јуда, предводникот на оние што го уапсија Исуса, беше претскажано и мораше да се исполни, 17 иако Јуда беше еден од нас и работеше заедно со нас.“
18 (Со парите што ги доби за предавството на Исус, Јуда си купи[a] нива. Потоа таму се обеси, па падна[b] сред неа, распукнувајќи се, при што целата утроба му се истури. 19 За ова дознаа сите жители на Ерусалим, па таа нива ја нарекоа Акал-Д’ма, што на нивниот[c] јазик значи ‚Крвна нива‘.)
20 „Во книгата на псалмите стои запишано:
,Домот да му се запусти,
никој во него да не живее[d]!‘
и
,Службата негова друг нека ја преземе[e]!‘
21 Затоа треба да одбереме човек што ќе го замени Јуда. Тоа треба да биде некој што беше со нас во текот на целото време, откако Господ Исус дојде, па се додека си замина, 22 некој што беше со нас откако Јован Крстител Го крсти Исуса, па се до денот кога Исус се вознесе на небото. Тој човек треба да биде и очевидец на воскреснатиот Исус, како што сме и ние.“
23 Тогаш предложија двајца: првиот беше Јосиф Барсаба[f], познат и како Јуст, а вториот беше Матија. 24 Пред да го извршат изборот, се помолија вака: „Господе, ти знаеш што лежи во срцето на секој човек. Покажи ни кого си го одбрал од овие двајца 25 да биде апостол наместо Јуда, кој не изневери и заврши таму каде што припаѓа.“ 26 Потоа со ждрепка го одбраа Матија, кој им се приклучи на останатите единаесет апостоли.
55 Тука беа присутни и голем број жени, кои уште од Галилеја Го придружуваа Исуса и Му помагаа. 56 Меѓу нив беа: Марија од градот Магдала[a], Марија - мајката на Јаков и Јосиф, и мајката на Завдаевите синови, Јаков и Јован.
Погребот на Исус
(Мк. 15:42-47; Лк. 23:50-56; Јвн. 19:38-41) 57 Таа вечер, еден богат човек од Ариматеја, кој се викаше Јосиф, а беше Исусов ученик, 58 дојде кај Пилат и го побара Исусовото тело. 59 Пилат одобри да му се даде. Тогаш Јосиф го зеде телото, го завитка во чисто платно 60 и го положи во својата нова, дотогаш некористена гробница, издлабена во карпа. На отворот постави голем камен и си замина. 61 Спроти гробницата останаа да седат Марија Магдалена и другата Марија.
Стража на Исусовиот гроб
62 Утредента, во саботата, кај Пилат дојдоа заедно свештеничките поглавари и фарисеите. 63 Тие му рекоа: „Господине! Се сетивме дека оној измамник, уште додека беше жив, рече: „На третиот ден ќе воскреснам од мртвите!“ 64 Затоа, заповедај три дена да се чува Неговиот гроб, за да не дојдат Неговите ученици да Го украдат Неговото тело, па после да му кажуваат на народот дека Тој воскреснал од мртвите. Ако се случи тоа, последната лага ќе биде полоша од првата[b]!“ 65 Пилат им рече: „Еве ви стражари, па одете и чувајте како што знаете.“ 66 Тие отидоа, го запечатија гробниот камен и поставија стража пред гробницата.
Copyright 1999 by HBC Radosna Vest