Book of Common Prayer
Вовед
1 Драги Теофиле, во мојата прва книга[a] ти го опишав сето она што Исус го правеше и поучуваше од почетокот, 2 па се до денот кога се вознесе на небото. Пред да се вознесе, им даде упатства на апостолите што ги беше одбрал во содејство со Светиот Дух.
3 Во текот на четириесет дена, по Неговото распнување, Исус повеќепати се појавуваше пред Своите апостоли со што недвосмислено им докажа дека навистина е жив. Тогаш им зборуваше за Божјото царство.
4 На една од тие средби, додека јадеа заедно, им ги даде следниве упатства: „Не заминувајте од Ерусалим се додека небесниот Татко не ви го прати Светиот Дух, Кој ви го вети. Јас уште отпорано ви го кажав тоа. 5 Јован Крстител крштаваше во вода[b], но по неколку[c] дена вие ќе бидете крстени во Светиот Дух.“
Вознесувањето на Исус
6 Додека апостолите беа со Исус, честопати Го прашуваа: „Господе, сега ли ќе го ослободиш Израел и ќе го возобновиш[d] нашето царство?“ 7 Тој им одговори: „Времето и датумите ги определува небесниот Татко и не сметал за потребно вам да ви ги кажува! 8 Но штом Светиот Дух ќе слезе врз вас, вие ќе добиете сила и ќе им проповедате за Мене на луѓето во Ерусалим, во цела Јудеја, во Самарија, и се до крајот на Земјата.“
9 Откако им го рече ова, пред нивните очи Исус почна да се подига кон небото и тие Го гледаа се додека облак не Го скри од нивните погледи.
10 Додека тие со вперени погледи кон небото гледаа како Тој заминува, пред нив се појавија двајца мажи[e] облечени во бело, 11 и им рекоа: „Галилејци, зошто стоите и зјапате во небото? Истиот Исус, Кој пред вашите очи се вознесе на небото, повторно ќе дојде, на истиот начин на кој и замина!“
Црквата на апостолите во „Горната соба“
12 Тогаш апостолите се вратија во Ерусалим. Ова се случуваше на ридот наречен Маслинова Гора. Тој рид е близу до Ерусалим, на оддалеченост помала од еден километар[f]. 13 Влегоа во градот и отидоа во горната соба на куќата каде што редовно престојуваа. Таму беа:
Петар,
Јован,
Јаков,
Андреј,
Филип,
Тома,
Бартоломеј,
Матеј,
Јаков (синот на Алфеј),
зилотот Симон и
Јуда (синот на Јаков). 14 Сите овие луѓе сложно и редовно се собираа и заедно се молеа. Со нив беа и: Марија (мајката на Исус), повеќе други жени и браќата на Исус.
Смртта на Исус
(Мк. 15:33-41; Лк. 23:44-49; Јвн. 19:28-30) 45 Меѓу дванаесет и петнаесет часот над целата земја се спушти густа темнина. 46 Околу петнаесет часот, Исус извика со силен глас: „Ели[a], Ели, л’ма ш’вактани?“ - што во превод значи: „Боже Мој, Боже Мој, зошто Ме остави!?“
47 Некои од присутните Го слушнаа ова и рекоа: „Го довикува пророкот Илија!“ 48 Еден од нив веднаш истрча, накваси сунѓер во оцет, го закачи на врвот од трска и Му понуди на Исус да се напие. 49 Другите, пак, говореа: „Чекајте, да видиме дали ќе дојде Илија да Го спаси!“
50 Исус уште еднаш извика со силен глас и умре[b].
51 Во тој миг, завесата[c] во храмот се расцепи на два дела озгора додолу. Земјата се тресеше и карпите распукнуваа! 52 Гробници се отворија и телата на голем број починати праведници воскреснаа! 53 Тие излегоа од гробниците и по Исусовото воскресение дојдоа во светиот град[d] и им се покажаа на многу луѓе.
54 Римскиот офицер и војниците кои стражареа крај Исус го почувствуваа земјотресот, а ги забележаа и останатите случки. Од тоа многу се исплашија и говореа: „Овој човек навистина беше Божјиот Син!“
Copyright 1999 by HBC Radosna Vest