Book of Common Prayer
23 Определија ден и многумина дојдоа во неговата изнајмена куќа, а тој од утро до мрак им објаснуваше и им говореше за Божјото царство, ги уверуваше за Исус, читајќи им од Мојсеевите книги и од Книгите на пророците. 24 Некои се убедија од она што беше кажано, а некои не поверуваа. 25 Се појавија несогласувања, па почнаа да си заминуваат, а Павле им рече: „Во право беше Светиот Дух кога преку пророкот Исаија за вашите предци рече:
26 ,Оди кај овој народ и речи му:
Ќе го слушате Моето Слово, но нема да го разберете;
ќе ги гледате Моите дела, но нема да ги сфатите!
27 Зашто, срцата на овие луѓе им се закоравени!
Со ушите одвај слушаат, а очите си ги затвораат!
Не сакаат да видат, да слушнат, да разберат,
па да се свртат кон Мене за да ги исцелам[a]!‘
28 Затоа сакам да знаете дека ова спасение од Бог е испратено и за нееврејските народи и тие ќе го прифатат!“ 29 [b]
30 Таму Павле остана цели две години во изнајмена куќа[c] и ги примаше сите што му доаѓаа, 31 проповедајќи им за Божјото царство и поучувајќи ги за Господ Исус Христос, слободно и непречено.
Прашања околу саботниот ден
(Мт. 12:1-8; Лк. 6:1-5) 23 Еден саботен ден Исус минуваше преку некои ниви, а Неговите ученици кинеа клавчиња. 24 Некои од фарисеите Му приговорија, велејќи: „Зошто го прават во саботен ден она што не смее да се прави во сабота!?“
25 Исус им одговори: „Зар не сте читале што направи Давид кога заедно со неговата дружина се најдоа во невола и огладнеа? 26 Тоа беше во времето на Првосвештеникот Евјатар. Давид влезе во Божјиот храм, и тој и неговата дружина јадеа од посветените лебови, од кои само свештениците смеат да јадат!“
27 Во заклучок, Исус им рече: „Саботата е создадена за човекот, а не човекот за саботата! 28 Затоа, Јас, Синот Човечки, Сум господар и на саботата.“
Copyright 1999 by HBC Radosna Vest