Book of Common Prayer
Да го следиме Христовиот пример
15 Ние што имаме посилна вера треба да ја поднесуваме слабоста на оние со послаба вера, а не да си угодуваме самите на себе. 2 Секој од нас треба да им угодува на христијаните што се околу него, за нивно добро, за да ги изградува. 3 Ни Христос не си угодуваше Себеси, туку, како што е напишано:
„Навредите што беа наменети за Тебе,
паднаа врз Мене[a].“
4 Се што во минатото е напишано во Светото Писмо, напишано е за ние да се поучиме, да оцврснеме, да се охрабриме и да не губиме надеж.
5 А Бог, Кој е изворот на нашата стрпливост и утеха, нека ви даде слога меѓу вас и секој да го следи примерот на Исус Христос, 6 па сите заедно и сложно да Го прославувате Бога, Таткото на нашиот Господ Исус Христос.
7 Прифаќајте се еден со друг, како што Христос ве прифати вас. Со тоа Бог ќе биде прославен. 8 Сакам да знаете дека Христос им стана слуга на Евреите за да го исполни ветувањето што Бог им го беше дал на нивните предци, 9 а исто така и сите други народи да Го прославуваат Бога заради Неговата милост, како што е напишано во Светото Писмо:
„Затоа ќе Ти донесам слава меѓу нееврејските народи,
ќе Му пеам славопои на Твоето име[b]!“
10 И на друго место вели:
„Радувајте се и вие што не сте Евреи,
заедно со Божјиот народ, Евреите[c]!“
11 И повторно:
„Славете Го Господа сите народи,
Него нека Го слават сите луѓе[d]!“
12 А Исаија вели:
„Ќе се појави потомок на Давид[e],
ќе им стане владетел на нееврејските народи,
кои својата надеж во Него ќе ја положат[f]!“
13 Сега Бог, изворот на надежта, нека ве исполни со радост и со мир заради вашата вера во Христос, а вашата надеж нека продолжи силно да расте и да се поткрепува од силата на Светиот Дух.
Петар се откажува од Исус
(Мк. 14:66-72; Лк. 56-62; Јвн. 18:15-18; 25-27) 69 За тоа време Петар седеше надвор, во дворот. Една слугинка му пријде и му рече: „И ти беше со Галилеецот Исус!“ 70 Но тој пред сите одрекуваше, велејќи: „Не е точно тоа што го тврдиш!“
71 Кога Петар се упати кон вратата, го виде уште една слугинка и им рече на оние што седеа таму: „И овој човек беше со Исус од Назарет!“ 72 Петар повторно одрече и дури се заколна, изјавувајќи: „Не го познавам тој човек!“
73 Малку подоцна, некои од оние што стоеја таму се доближија до Петар и му рекоа: „Навистина, и ти си еден од нив! И говорот[a] твој те издава!“ 74 Но Петар почна да се колне и да ги уверува: „Јас не го познавам тој човек!“
Во тој момент запеа петел. 75 Тогаш Петар се сети на Исусовите зборови: „Уште пред петлите да запеат, ти трипати ќе одречеш дека си Мој следбеник.“ Потоа излезе надвор и горко заплака.
Copyright 1999 by HBC Radosna Vest