Book of Common Prayer
Љубовта е јатка на целиот Божји Закон
8 Немојте никому да му бидете должници. Единствената постојана должност нека ви биде да се сакате еден со друг[a], зашто оној што ги сака другите луѓе, го исполнува Божјиот Закон. 9 Заповедите: „Не врши прељуба! Не убивај! Не кради! Не завидувај[b]!“, и сите други заповеди се содржани во заповедта: „Сакај ги другите луѓе како што се сакаш себеси[c]!“
10 Ако некого сакаш, нема да му нанесуваш зло. Затоа, ако ги сакаш луѓето, го исполнуваш и Божјиот Закон.
Спасението наближува - Повик на свет живот
11 Имајте на ум дека времето истекува. Разбудете се! Нашето спасение е сега поблизу, отколку во моментот кога поверувавме! 12 Ноќта е при крај, се ближи денот на нашето спасение! Да престанеме да правиме зло, зашто тоа и припаѓа на темнината. Да живееме свето, како луѓе облечени за светлина. 13 Да се однесуваме примерно, како да сме изложени на светлина. Не учествувајте во оргии и пијанки, во блуд и разврат, во кавги и завист. 14 Загрнете се со Господ Исус Христос и не размислувајте како да им угодите на грешните телесни желби.
Исусовата молитва во Гетсеманија
(Мк. 14:32-42; Лк. 22:39-46) 36 Во придружба на Своите ученици Исус отиде на едно место наречено Гетсемани[a]. Кога пристигнаа таму, Тој им рече: „Седете овде, а Јас ќе отидам потаму, да се помолам.“ 37 Со Себе ги зеде Петар и двајцата Завдаеви синови Јаков и Јован. Мошне потресен и натажен, 38 Исус им рече: „Тагата што ја имам во душава Ме убива! Останете овде и бдејте заедно со Мене!“ 39 Потоа Тој се оддалечи малку, падна ничкум и почна да се моли: „Татко Мој, ако е возможно, не дозволувај да страдам[b] на ваков суров начин; сепак, нека се исполни Твојата волја, а не Мојата.“
40 Кога Исус се врати кај Своите ученици ги затекна како спијат. Тогаш му се обрати на Петар: „Зар не можевте да бдеете со Мене еден час!? 41 Разбудете се и молете се да не бидете совладани од искушението што доаѓа! Зашто, иако духот е храбар, телото е слабо!“
42 Потоа Исус повторно се оддалечи малку и продолжи да се моли: „Татко Мој! Ако нема начин да Ме одмине ова горчливо страдање, Јас ќе ја исполнам Твојата волја!“
43 Враќајќи се кај Своите ученици повторно ги затекна на спиење; очите едноставно им се затвораа. 44 Исус ги остави и отиде пак да се моли, по третпат повторувајќи ја истата молитва. 45 Потоа се врати кај Своите ученици и им рече: „Зар и понатаму спиете и се одморате!? Дојде времето Мене, Синот Човечки, да Ме предадат во рацете на грешници. 46 Станувајте, тргнуваме. Предавникот Мој доаѓа.“
Copyright 1999 by HBC Radosna Vest